Следната година ќе се тестираат придобивките од вештачката интелигенција во воените воздухоплови

Воздухопловството на САД за следната година најавува почеток на тестови во кои современи беспилотни летала ќе ги предизвикаат пилотите. Иако има срамежлива најава дека со едното од леталата треба да управува вештачка интелигенција, засега нема подетално известување за изгледот на тестовите. Веројатно во прва фаза едни против други ќе летаат пилоти со и без поддршка од вештачка интелигенција.

Тестовите се планираат за јули 2021, а конечниот производ на технологијата би требало да бидат автономни летала со кои управува вештачка интелигенција.

Нашите пилоти, оние кои се навистина добри имаат по неколку илјади часови летање. Што ќе се случи ако можеме да ја зголемиме нивната способност со систем кој поседува милиони часови тренинг? Како да направам тактички автопилот за во борбите во воздух системот да може да помогне во носење на одлуки за кои луѓето не можат ни да почнат да размислуваат, вели Стив Роџерс лидер на Air Force Research Laboratory.

Дронот кој ќе ги предизвика пилотите е во развој од 2018 година. Планот е во почеток вештачката интелигенција да се инсталира во помалку софистицирани латала, како F-16, а потоа да се инсталира и во понови авиони како F-35 или F-22, пренесе Air Force Magazine.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии