Следете ја Олимпијадата со официјална iOS и Android апликација

Остануваат уште помалку од 20 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон, а со тоа стануваат се поинтересни апликациите со кои ќе ни се олесни следењето на Олимпијадата, меѓу кои и официјалната апликација, достапна за Android и iOS, додека сопствениците на BlackBerry апликацијата можат да ја најдат тука.

Покрај резултатите апликациите ќе ви помогнат да го следите и распоредот на спортовите, доделувањето на медалите, бројот на освоени медали за секоја држава и други детали од игрите.

Покрај овие апликации кои се однесуваат на спортските настани веќе се достапни помошни апликации кои ќе им бидат од корист на гледачите на ОИ 2012 во Лондон. Истите покриваат повеќе интереси: од олимпискот оган, автобуски и железнички линии, па се до ресторани во Лондон и историски информации за локациите.

Олимпијадата започнува од 25 јули и трае до 12 август.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии