Следете ги земјотресите со LastQuake

Неколку недели охриѓани и туристите во Охрид се исплашени поради земјотресите. Ова е изразено последниве денови по посилниот земјотрес од 5 степени. Граѓаните неколку денови по земјотресот сѐ уште се на штрек и спијат во автомобилите. Во овој период Охрид е еден од најактивните сеизмолошки подрачја.

LastQuake е апликација на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар која неколку минути по земјотресот ги прикажува сите релевантни податоци. Така може да ја видите јачината, координатите и растојанието од најблиските населени места.

Апликацијата овозможува филтрирање на земјотресите според нивната јачина или близина до корисникот. Целта на апликацијата е да се намали паниката преку навремено и брзо доставување на вистинските податоци за опасностите. Клучно за ова е доставувањето на податоците во реално време; можност за прилагодување на нотификациите; додавање на коментари и видеа; споделување на податоците на друштвените мрежи, и најважно во случај на поголем земјотрес, СМС сервис кој овозможува испраќање на пораки од жртвите до блиските. Во случај на поголем земјотрес апликацијата има можност за споделување на корисни податоци за поголема безбедност.

Податоците за земјотресите доаѓаат од сведоци кои се на место на земјотресот и можат преку апликацијата да го пријават, или со помало доцнење податоците доаѓаат и од сеизмолошките центри.

Quakes е мапа во живо на сите локации каде има земјотреси. Станува збор за веб-апликација, па може да се користи од повеќе платформи. Апликацијата има неколку филтри кои овозможуваат и поспецифични пребарувања.

1 коментар на “Следете ги земјотресите со LastQuake

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии