Следете ги сите попусти на Xbox дигитални игри со Xbox Deals

Мартин Јованчевски

во Вести

Xbox Games Price Tracer e веб сајт преку кој инстантно ќе ги дознаете моментните попусти на дигитални игри преку официјалната продавница на Microsoft.

Со посетување на веб сајтот можете да го изберете регионот за кој ве интересираат попусти на игри (United States/ Uk), како и платформата (Xbox One/ Series X/S).

Со кликнување на копчето See all од одделот Newest Discounts ќе добиете огромна листа од најновите попусти на игри, а лесно ќе можете да ги подредувате понудите и според висината на попустот, цената на игрите, оценката и слично.

Штом одберете накоја игра, можете да одгледате рецензии, да видите по кои цени се продавала во минатото, да видите како е оценета од останатите, како и да прочитате краток опис.

А во случај да ви се допаѓа форматот и дизајнот на сајтот, но да се сметате себеси како тврдокорен PS гамер, па, во тој случај, дефинитивно кликнете тука!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии