Следете ги ENTiTY во живо нa WCG

Кај нас се одржуваат квалификации само за Counter-Strike и како што можевте да прочитате на нашиот веб сајт, победи екипата на ENTiTY. Исто така може да прочитате и за (не)информираноста на македонските новинари и нивниот погрешен поглед врз гејминг-от. Во статијата “Што е професионален гејмер?” пишувам за мојот поглед и основната и главна разлика помеѓу гејмерот во Македонија и гејмерот во земјите од Западот.

Во оваа следење во живо ќе ги следиме натпреварите на ENTiTY и за истите ќе објавуваме HLTV IP адреси, ќе известуваме резултати и ќе пишуваме во кратки црти по завршетокот на натпреварите. По завршување на WCG во најкраток можен рок ќе биде објавено и детално интервју со тимот ENTiTY.

Група А:

  • ENTiTY
  • Full Gaming од Данска
  • bet4gamers од Шпанија
  • Earthquake од Романија

Распоредот на ENTiTY (по македонско време):

Четврток 30/09/2010:

  • ENTiTY vs Full Gaming 22:00 CET – de_tuscan – Резултат19-11 (78;123) Демо: download

Петок 01/10/2010:

  • ENTiTY vs bet4gamers 18:30 CET – de_train – Резултат: 1-29 (015;1-14) Демо: download
  • ENTiTY vs Earthquake 19:30 CET – de_nuke – Резултат: 4-26(213;213) Демо: download

Заклучок:

ENTiTY ги заврши своите настапи и покрај победа во четврток врз фаворитите Full Gaming од Данска, немаа среќа да излезат од групи во петокот но затоа го ставија гејминг светот во шок и сите слушнаа дека малата земја Македонија има и свои квалитети. Се надеваме дека нашите сонародници и другари ќе продолжат со исто темпо и покрај тоа што се случи, ќе не претставуваат на поголеми и поважни турнири и ќе прават поголеми успеси.

Помош:

  • За тие што гледаат преку Steam ќе бидат тука објавени IP адресите од HLTV и само се конектирате на истите.
  • За тие што гледаат преку Nonsteam или пиратската верзија, треба да го имате protocol 48 или patch v42. Повеќе информации и каде можете да го симните на овај линк.

Видеa:

10 коментари на “Следете ги ENTiTY во живо нa WCG

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии