Следење на око технологија за лица со посебни потреби

IT.mk редакција

во Софтвер

{mosimage}Технологијата за следење на окото е наменета првенствено на лицата со посебни потреби и за нивното снаоѓање во видео игрите и виртуелните светови како World of Warcraft и Second Life. Технологијата е изработена од
COGAIN – мрежа финансирана од ЕУ за наоѓање технолошки решенија за лица со посебни потреби.

Една од нив е и Лилеја која има ретка болест. Таа
живее нормален живот, но поради Елерс-Данлос синдромот таа понекогаш има проблеми со зглобовите кои и се изместуваат поминувајќи повеќе време дома или како што Лелија пишува на нејзиниот блог
„окупација ми e да бидам болна“. Таа со помош на својот маж Крис се заинтересирала за виртуелниот свет на WoW кој сега и ги исполнува деновите и и овозможува комуникација со други играчи.

Таа е доста активен играч, постојано учествува во „рејдањето“, термин од MMO игрите, каде 25 играчи или повеќе се вклучени во извршување на една задачи, главно убивање на поголемо чудовиште. Тоа може да биде напорно и да бара брзи рефлекси и реагирање во моментот на случувањата, нешто што на Лилеја и преставува проблем.

„Моите прсти и зглобови не се сигурни, а изместувањата можат да бидат проблематични. Понекогаш ако ја репозиционирам мојата рака, тоа може да значи дека нема да знам каде се дугмињата на тастатурата“ вели Лилеја во интервју за WoWInsider.

Можноста за интеракција и движење низ виртуелните светови е „ослободително искуство“ вели Ховел Истанс, компјутерски научник од De Montfort универзитетот во Велика Британија кој
учествувал во развивањето на софтверот на COGAIN кој со технологија која го следи движењето на окото овозможува лесна интеракција со виртуалната реалност.

„До сега, технологијата за следење на погледот беше користена за куцање на виртуелна тастатура, за сурфање или други текстуални апликации. Ние ја качивме на ново ниво, со движењето на окото вие можете да контролирате аватар во виртуелен свет, што овозможува луѓето со посебни потреби да се чуствуваат и да функционираат како и сите останати” вели г-дин. Инстанс .



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии