Следејќи ги биткоините затворени се најголемите веб страници за злоупотреба на деца

Дејан Соколоски

во Вести

Над 250 000 видеа и 8 терабајти податоци со злоупотреба на деца се пронајдени кај Јонг Ву Сон од Јужна Кореја, при неговото апсење минатата година. Во негова сопственост беа најголемите „продавници“ на скриениот интернет (dark web) на кои се продава содржина во која се злоупотребени деца. Во целата акција се уапсени над 300 учесници и ослободени се 23 деца жртви на учесниците на веб страница за детска порнографија Welcome to Video.

Г. Сон е уапсен во август минатата година, но досега за јавноста не беше достапна „тежината“ на обвинението. Тој веќе отслужува затворска казна од 18 месеци во Јужна Кореја, пренесе Wired. Акцијата е успешна благодарение на следење на трансакциите со крипто-валутата биткоин.

Во август 2017 година започна истрага за недозволена трансакција на виртуелна валута на скриениот интернет. Со следење на трансакциите на блокчејн ја откриве големината на Welcome to Video, веб-страница за детска порнографија, до која се пристапува со Tor, и се плаќа со биткоин. Министерството за правда нема да дозволи експлоатација на децата. Пораката на денешната објава нека биде: Ако бевте вклучени во овие злосторства, ние доаѓаме по вас“, вели заменик-помошникот јавен обвинител Ричард Даунинг.

За да го откријат идентитетот на сопственикот на веб-сајтот агентите кои работеле во акцијата плаќале со биткоин во вредност од 125 до 290 долари. Потоа ја следеле целата трансакција и дознале дека средствата кои ги уплаќаат се префрлале од овој „новчаник“ во друг, кој е регистриран на име на г. Сон. Обвинетиот при регистрација на оовој новчаник го искористил својот телефонски број и електронска пошта. Благодарение на следењето на трансакциите во вредност од 350 000 долари, во соработка со Chaunakysis успеаја да пронајдат и дел од корисниците на Welcome to Video.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии