Но, за многумина овие 10% звучат чудно. Зарем oткачивме и сега се изолираме од другите? Меѓу експерите од текстот на BBC на македонски има мислења кои звучат навистина лошо за Facebook корисниците. Според психијатарот Викторија Вујовиќ генерациите кои „живеат“ на Facebook, надвор од него се чувствуваат отуѓено и изгубено. Според социјологот Марија Дракулеска, нормално е што новите генерации се постојано на друштвените мрежи, но тие не смеат да забегаат во „виртуелната реалност“, што е факт дека Facebook може лесно да предизвика зависност, посебно кај помладите. Експертите секако поддржуваат виртуелна Нова година, но препорачуваат реална средба со луѓето.

Но… има мал проблем со наведената анкета и постои можност тие 10% на Facebook за Нова година да се всушност помала бројка од реалната.

Пример, во анкетата ја нема возраста на корисниците или можноста да слават заедно. Пример, ако се работи за малолетни корисници кои ќе останат дома, тогаш зошто да не ја поминат Новата година со своите пријатели во една безбедна околина? Ако се повеќето на Facebook, тогаш другите ќе им се придружат. Ако се работи за луѓе кои се одделени со физичко растојание, тогаш мрежата им овозможува одличен контакт. Всушност, половина Македонија едвај ќе чека сликите од дочекот да ги закачат на Facebook и споделат со другите. Да не заборавиме и можност за споделување на тие слики преку мобилен.

Според друга анкета, исто наведени во текстот на BBC на македонски (за жал нема линкови), поголем дел од македонските граѓаните ќе ја прослават Нова година дома со семејството. Зарем новогодишните тв програми се навистина подобар избор од Facebook?

Не верувам дека некој ќе помине од 20 до 01 часот на Facebook, но поголемиот дел од тие што ќе се близу до компјутер таа вечер несомнено е дека ќе се логираат на Facebook или Twitter барем еднаш во тек на вечерта да честитаат на другите-одделени-од-нив пријатели.

Исто така, за Нова година вообичено е мобилните мрежи да се срушат. Тогаш, која е алтернативатa?

Дали треба свесно да го избегнуваме Facebook за Нова година бидејќи ете се „изолираме од другите“ како што велат експертите, или Facebook е дел од нашето дружење без врска на која вечер е во прашање?

11 коментари на “Славење Нова година на Facebook?

  1. ја бев на facebook за нова година па после си излегов кај 15
    31 е обичен ден како и сите други само што излегла мода кај луѓето во целиот свет да се слави како којзнае колку е денот нешто ептен важен

  2. Тажно ти е Тебе за некој што ќе го помине тој момент пред ПЦ или тажен е тој што ќе го помине тој момент пред ПЦ?
    И зошто мислиш дека е тажно?

    1. Пак, ова е според мене само. Тажен ми е и човекот и постапката. Исто како да кажеш денес ми е роденден, ќе славам на Facebook. Постојат некои настани кои што според модерната култура повикуваат на социализирање и дружење (не виртуелно). Ако не други денови, барем тие да бидете заедно со пријателите, а не на чет или што ти знам што.
      (ps. FB connect зеза нешто)

  3. @Kiro
    Никој не вели дека е забрането :) Само овој ден се смета како посебен, повеќе од другите во денешницата се слави (први мај порано било голем ден, али се мењаат времиња за жал). Нема секако дефиниција како треба да се слави денов, но општо прифатено е да се помине во дружба со пријатели. Тажно е да се одвојува некој и да седи на ПЦ на ваков настан, бар според мене.

  4. Хм, дали е „дозволено“ да се слави Божиќ на ФБ? Или Први мај? Или Осми март? Или никако не смее ниеден празник да се слави? Или верските може? И што има разлика меѓу 31 декември и другите 364 дена во годината? Тоа што некој решил да го крсти токму тој дена како 1 јануари не му дава никаков посебен статус…
    Да бидеме реални – ништо не е исто од времето кога г-ѓа Вујовиќ учела школо. И редно е да го сфати тоа.

  5. лошо. дефинитивно лошо. тие што така планираат да слават, најсериозно треба помош да побараат, бидејќи тоа е веќе лошо.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии