Aлатката за соработка Slack сега нуди и гласовни повици

Корисниците на сервисот за споделување на фајлови, слики, pdf, табели и куп други формати, Slack, сега нуди и можност за гласовен разговор. Надградбата доаѓа и на десктоп и на мобилната верзија. Гласовните разговори доаѓаат и за претплатниците, и за корисници кои го користат сервисот бесплатно, но претплатниците ќе имаат предност да користат групни разговори. Компанијата додава и емотикони кои ќе овозможат непречена комуникација. Така, доколку некој ѕвони додека разговара корисникот може да му се испрати емотикон, а истото може да се искористи и во групните разговори за да не се прекине говорникот.

Започнувањето на гласовен разговор е едноставно и се прави со избор на соговорник и со клик на телефонската слушалка. За разлика од останатите сервиси за разговор, Slack има намера да се разликува од нив најмногу по тоа што ќе биде покорисен за компаниите. Така разговорите се поделени во различни канали, а пристап до комуникацијата ќе имаат сите оние на кои им е потребна.

1 коментар на “Aлатката за соработка Slack сега нуди и гласовни повици

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии