Slack објави Botkit и фонд за да ги мотивира девелоперите

Дејан Соколоски

во Софтвер

Slack работи на Botkit платформа која ќе овозможи поедноставна изработка на ботови. Заедно со новите алатки, доаѓа и објавата дека сервисот има 2 милиони aктивни корисници, како и нов фонд од 80 милиони долари со кои ќе се мотивираат девелоперите да креираат апликации за Slack.

Станува збор за алатка за соработка што овозможува полесна комуникација внатре во компанијата. Пораките пристигаат до групи или во директни пораки, а сите содржини во сервисот можат да се пребараат. Досега Slack овозможуваше разговор помеѓу соработници, но со Botkit ќе добие нова димензија. Апликацијата ќе овозможува креирање на автомат за текст разговор, што може едноставно да менува помеѓу разговор со автомат и корисник. Она што би било основен минимум за секој чет-бот би била најмалку можноста да поздравува и да препознае кој е нивниот творец. Платформата ќе овозможи на едно место да се најдат апликациите, заедно со можност за разгледување по категории нешто што досега не беше достапно.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии