Skyrim добива survival мод кој ќе биде бесплатен само недела дена

Иако никој не го сака, се чини дека Creation Club е тука да остане. По релативно контроверзниот почеток со Fallout 4, следната игра која ќе имплементира продавање модови ќе биде Skyrim.

Првиот од таквите модови ќе биде Survival Mode, а ќе воведе потреба за храна, одмор и соодветна подготовка за излегување на крај со предизвикувачките временски услови. Овој платежен мод, како и еден куп други слични бесплатни модови, нема да ви дозволува инстантно скокнување од една до друга локација на мапата, нити пак да носите многу работи. А, во моментот кога ќе го зголемите левелот, ќе мора да преспиете за да надградените способности стапат на сила. Самата мапа е поделена на климатски зони, а секоја од таквите зони ќе бара одредена подготовка од ваша страна. Во спротивно, нема да можете далеку да стигнете. Системите се раздлабочени до тој степен да и студена вода убива, а нарушеното здравје нема да биде самообнововачко. За сите детали упатете се тука!

Единствена работа по која овој мод се разликува од бројните други модови е тоа што доаѓа преку интерната продавница на Creation Club и ќе чини вистински пари по првата недела од излегувањето.

Точното време на излегување како и цената по првата недела сеуште не се познати, но доколку сакате веднаш да го проверите модот, потребно е да се приклучите на бета тестирањето на играта преку Steam.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии