Skype за Windows Phone не е веќе во бета

Windows Phone корисниците сега ќе можат да си ја симнат официјалната верзија на Skype од Marketplace, која за разлика од бетата веќе не доаѓа со опомена дека работи перфектно само на одредени телефони.

Skype за Windows Phone доаѓа со сите препознатливи функционалности, вклучувајќи видео и говорни повици, дури и на фиксни линии, преку WiFi или 3G, пребарување. За жал, официјалната верзија нема можност за примање повици бидејќи Skype не може да работи во позадина. Ова, вели Skype, е поради „комбинација како Skype работи и како Windows Phone работи.“

Во случај да заборавивтe, Skype е сега дел од Microsoft па тоа може да значи дека Windows Phone ќе ги добие сите кул функционалности на Apple пред другите телефони, и сугурно може да се очекува и интересна интеграција со верзијата за Windows 8.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии