Skype потсети дека е конкурент на Zoom

Дејан Соколоски

во feature, Веб

Zoom е нова и популарна платформа, но сите како помалку да заборавивме дека од поодамна постои конкуренција. Ова е уште поважно да се има предвид со оглед на тоа дека Zoom има куп безбедносни пропусти.

Microsoft неодамна потсети дека и тие имаат платформа за видео конференција. Не само што Skype е побезбедно решение туку на корисниците не им е потребна апликација и профил за да учествуваат во видео разговорите.

Функционалноста е достапна од декември, а иако не сте го користеле Skype одамна нема да имате проблем да го пронајдете „Meet Now“ копчето. Потоа може да одберете дали ќе додадете Skype корисници или ќе го споделите линкот со другите учесници во разговорот. Дури и ако немаат апликација корисниците можат да одат на веб-верзијата на Skype и од таму да креираат бесплатен повик.

Skype забележа пораст од 70 отсто во бројот на корисници, сега го користат над 40 милиони корисници дневно. Сепак ова е минијатурно во споредба со Zoom кој од 10 милиони корисници дневно во декември рипна на 200 милиони корисници во март.

И иако Skype испушти можност да се наметне во овој период сепак има простор да ги искористи пропустите со безбедност на Zoom и да покаже зошто во минатото беше најпопуларна платформа за текст разговор.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии