Skype објасни зошто беше недостапен 24 часа

Првичниот проблем и иницијатор на срушувањето било што Skype за Windows верзија 5.0.0.152 имала проблем кој не ги спроведувал како што треба одложените барања од преоптоварените сервери, по што Windows клиентите се срушувале, пишува Skype.

Скоро 50% од Skype корисниците глобално ја користиле лошата 5.0.0.152 верзија, а 40% од сите клиенти се срушувале поради таа грешка. Тие клиенти вклучувале 25-30% од јавните „суперточки“ кои исто имале проблем

„Суперточките“ се точки од P2P мрежата кои превземаат дополнителна одговорност во однос на другите точки, делувајќи како директориум, вид телефонски именик, за поддршка на Skype клиентите овозможувајќи конекции меѓу нив.

CIO update: Post-mortem on the Skype outage http://bit.ly/fVF876Wed Dec 29 13:16:44 via CoTweet

Покрај тоа што 25-30% од „суперточките“ биле срушени, оставајќи ја Skype P2P мрежата без нив, дополнителен проблем бил тоа што поголемиот дел од корисниците исто така ги рестартирале своите Windows клиенти, што „масивно го преоптерети peer-to-peer облакот“, по што сообраќајот кон „суперточките“ било за 100 пати повеќе од нормално.

Бидејќи „суперточките“ имале механизам за одбрана на системите кои ги хостираат, тие, поради одредени параметри кои прикажувале надминување на нормалните граници, започнаа да се гасат. Како што се гаселе, прекумерниот сообраќај се префрлал на сите други точки што резултирало до срушување на целиот Skype за скоро 24 часа.

Skype како решенија направи „мега-суперточки“ со дополнителни суперточки за да се забрза враќањето на peer-to-peer облакот.

Што се однесува до лошата верзија на Skype, и сега и тогаш имаше нова верзија за Windows без проблемот со срушување. Овојпат Skype автоматски ќе ги надогради кориснички клиенти.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии