Skype постепено се враќа во нормала, но уште има проблеми за многумина

Thanks for your continued patience while we get everyone back online – sorry especially to those of you who are still waitingThu Dec 23 06:23:51 via CoTweet


Популарниот VoIP сервис за чет и телефонски повици одеднаш се сруши, и ги остави на цедило милионите корисници ширум светот. Од Skype велат дека „Skype не е како обичните IM мрежи“ туку работи со индивидуални конекции меѓу компјутерите. Дел од тие конекции се „суперточки“, вид телефонски директориум за Skype. Проблемот е, велат, дека голем дел од тие „суперточки“ се срушени.

„Нашите инжeнери прават новa „мега-суперточка“ најбрзо што можат, што треба постепено да ги врати работите во нормала. Ова може да потрае со часови, и ние се извинуваме што ги прекинавме вашите разговори.“, вели Skype додавајќи дека најновите информации ќе бидат објавени на @skype.

Тоа што е неверојатно е што oвој инцидент остави на цедило огромен број од над 400-те милиони корисници, или од минатиот месец над 25 милиони логирани активни корисници во ист момент. Дел не можат да се логираат, дел се логираат па се гасат, а на тие што ќе успеат да го стартуваат сервисот им недостасуваат контактите.

8 коментари на “Skype постепено се враќа во нормала, но уште има проблеми за многумина

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии