Skype ќе понуди неограничени разговори?

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Во следниве неколку дена може да очекуваме од страна на Skype, компанија во сопствеништво на eBay Inc., да претстави неколку кориснички планови за овозможување неограничени интернационални разговори во 34 земји во светот за цена од само 10 долари месечно. Првичните шпекулациите беа потврдени од страна на Дон Алберт, потпретседателот на Skype за северна Америка.

Во 34-те земји се вбројани поразвиените европски земји и членки на Европската Унија, како и Канада, Австралија, Нов Зеланд, Чиле, Кина, Сингапур, Тајван, Јапонија, Кореа и Малезија.

Компанијата при крај на овој месец се очекува и да претстави уште еден нов кориснички план во кој ќе понуди за сума од 5.95 US долари да се вршат неограничени разговори од САД кон Мексико Сити, Гудалајара, Монтереј и попусти на разговорите кон други градови во Мексико. Ова дефинитивно е еден успешен обид да се таргетираат шпанските граѓани во САД кои се застапени во голем број и со кој профитот на компанијата значајно ќе се зајакне.

Засега единствениот ваков неограничен план кој е понуден од најпопуларниот софтвер за разговори преку интернет – Skype, е достапен само во САД и Канада и вклучува неограничени разговори во овие две земји за цена од 3 долари месечно.

Објавувајќи ги своите финансиски (кои најавуваат заработка и до 500 милиони во 2008) и технички извештаи за првата четвртина од оваа година, компанијата изјави дека во првите три месеци корисниците имаат употребено околу 2 милијарди минути во разговори кон фиксни телефони, додека за бесплатните меѓу-компјутерски разговори се употребени над 14 милијарди минути.

Засега не верувам дека Македонија или останатите балкански земји (можеби Грција) ќе бидат вклучени, но со тек на време се надевам дека ќе можеме да очекуваме такво нешто.

Сегашните цени на телефонирање кон фиксни телефони во Македонија преку Skype се 0.217 US долари по минута без ДДВ, додека со ДДВ цената е околу 25 центи. За повици кон мобилни телефони цените се 0.365, односно 0.420 долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии