Skype ќе преведува говор во реално време

Microsoft го претстави Skype Translator, алатка за преведување на говорните повици во реално време, додека корисниците разговараат помеѓу себе. За почеток, алатката ќе биде само за Skype за Windows и само на неколку јазици, но постепено ќе биде достапна за сите 300 милиони корисници кои трошат по 2 милијарди минуди на повици преку софтверот. На демото кое го претстави Microsoft на конференцијата на Re/code, се покажа дека Skype Translator го сослушува едниот говорник и веднаш, штом е се завржи фразата, ја преведува на другиот јазик. Говорниците се слушаат себесе пред да го чујат преводот, со цел да се задржи автентичноста на говорот, но и да се поправи преводот доколку софтверот погреши. Алатката би била одлична за комуникација помеѓу корисниците од други држави, иако најмногу ќе им се најде на компаниите кои ќе можат послободно да соработуваат, без ограничување на јазикот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии