Skype ќе ги крие IP адресите за да ги заштити гејмерите

Новата верзија на Skype ќе ги заштити корисниците од DDoS напади криејќи ја нивната IP адреса. Ова не беше пракса до сега, а адресата беше јавен податок, па нападите врз корисникот беа прилично едноставни.

Оваа пракса најчесто се користи за напад врз гејмерите. Минатата година најчести напади имаше врз професионалните гејмери кои играат Dota 2 и кои користат Skype за тимска комуникација. Целта на нападите е да се сруши интернет конекцијата на играчите, за потоа натпреварите да продолжат 4 на 5 играчи. Skype често беше посочуван како извор на IP-адресите, вели Ars Technica.

Можноста за криење на IP адресата постоеше и досега, но не беше вклучена со основните нагодувања или по default. Со тоа адресата ќе може да биде видена единствено од контактите на корисникот на Skype, но не и од сите останати.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии