Skype ќе овозможи праќање на видео пораки?

Новите правила за користење обелоденуваат детали дека Skype се подготвува да издаде нов сервис за испраќање на видео пораки. Претплатниците на Skype ќе имаат можност за неограничено испраѓање на видео пораки се додека не косат со правилата за фер користење, забележува The Verge.  Покрај ова пораките кои ги добивате и испраќате ќе останат неограничено време во вашето сандачае и во сандачето на примачот .

Корисниците кои не се претплаќаат, какви што се најголемиот број корисници кај нас, имаат ограничен број на пораки кои ќе можат да ги испраќаат, но ќе можат примаат неограничен број на видео пораки, со тоа што пораките кои ги добиваат овие корисници ќе бидат чувани до 90 дена. Ова важи за сите пораки, освен за тие кои се испратени од премиум корисник или се додека не станете премиум корисник. Во моментот кога корисникот ќе се претплати за премиум услуга сите видео пораки кои ви се во сандачето ќе  се зачуваат без ограничување.

За бројот на пораки кои ќе бидат достапни за корисниците ќе мора да почекаме, бидејќи за жал, сеуште нема податок кој би покажал колку видео пораки може да испрати корисник, кој бесплатно го користи сервисот за пораки. Исто така, ќе мора да почекаме и за објавување на конечна дата кога ќе проработи сервисот за видео пораки.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии