Skype им овозможува на хакерите да откријат што преземате од BitTorrent

Група истражувачи за безбедност, во обид да докажат безбедносен пропуст кај Skype, успеаа да креираат систем кој им овозможува да се идентификува IP адресата на било кој Skype корисник, без негово знаење, да се открие неговата локација, како и да се следат сите споделувања на документи кои доаѓаат од таа IP адреса. Преку овој безбедносен пропуст, било кој може да дознае што всушност Skype корисниците преземаат преку BitTorrent.

Истражувачите откриле начин како да им се јават на Skype корисниците, без тие да приметат, и со тоа да им ја дознаат IP адресата, а потоа да ја употребат за одредување на нивната географска положба, како и нивното користење на BitTorrent. Според студијата на истражувачите, методот за собирање на IP адреси функционира дури и кога Skype корисниците го имаат конфигурирано својот профил да прифаќа повици само од оние кои ги имаат во листата на контакти. Исто така функционира и кога корисниците не се логирани на Skype.

За да го докажат безбедносниот пропуст, истражувачите собрале 10.000 IP адреси по случаен избор, и за да ги поврзат тие адреси со документи преземени од BitTorrent, креирале посебни алатки за идентификување на IP адреси од повеќе BitTorrent сајтови, кои потоа ги споредувале со веќе собраните IP адреси. Секогаш кога ќе се забележала иста IP адреса, алатката го откривала Skype профилот кој користел BitTorrent. Дури и ако IP адресата била споделена од повеќе корисници на една мрежа, системот пак можел да поврзе уникатен Skype профил со одредено преземање.

Овој безбедносен пропуст навистина би им служел на компаниите од забавната индустрија кои сакаат да го сопрат нелегалното преземање на документи. Одговорниот за безбедност во Skype, Адријан Ашер, има изјавено дека ја почитуваат приватноста на своите корисници и дека се посветени на тоа да го направат својот производ колку е можно побезбеден, но дека секој софтвер за интернет комуникација овозможува да се открие IP адресата на оној со кој се комуницира.

За подетални информации околу безбедносниот пропуст на Skype, и како тој може да биде искористен, посетете ја оригинална студија, која можете да ја најдете на следниот линк.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии