Skype ги исмева Facebook и Twitter во 12 мил. долари вредна маркетинг кампања

VoIP сервисот стартува нова 12 милиони долари вредна маркетинг кампања во Велика Британија со која сака да ги предизвика корисниците да размислат за квалитетот на личната комуникација.

Кампањата со тема „Време е за Skype“ сака да ја врати „човечноста“ во комуникацијата која е наводно оштетена од друштвените мрежи, која содржи и пораки како „кога стана во ред да и го честитате роденденот на мајка ви со текстуална порака“ и, малку подиректно насочени удари, „140 карактери не значи да се остане во контакт“ и „надгради го твојот пост од ѕиден во првокласен разговор“.

Пораките на кампањата ќе бидеат распределени на билборди низ британските метроа, автобуски станици, трговски центри и други истакнати места. Според директорката за маркетинг на Skype, Френси Стронг, фокусот на кампањата е „да се излезе со големи, храбри изјави за да им се привлече вниманието на корисниците“. Таа вели дека Британија е избрана како појдовна точка на кампањата бидејќи таму е интересот на Skype и таму се потенцијалните клиенти. Ако кампањата се покаже како добро, ќе биде продолжена и во други држави.

Заедно со физичкиот маркетинг, ќе следи и дигитална кампања која ќе се појави на сајтови како BBC, CNN, Hulu, Facebook, Wired, Yahoo итн.

„Многу луѓе имаат одлични приказни за користење на Skype, но го гледаат како еднодимензионален продукт. Ние сме горди на нашите видео повици, но со кампањата сакаме да им кажеме и за другите продукти: споделување на екран, групно видео, трансфер на фајловис, инстант пораки, повици кон мобилен и фиксен.“, вели г-ѓа. Стронг.

1 коментар на “Skype ги исмева Facebook и Twitter во 12 мил. долари вредна маркетинг кампања

  1. Заедно со физичкиот маркетинг, ќе следи и дигитална кампања која ќе се појави на сајтови како "…. Facebook, …." oh the irony

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии