Скријте си го ликот од надзорните камери со HyperFace облека

HyperFace е проект чија актуелност допрва ќе расте во иднина. Станува збор за иницијатива која ќе помогне да се заштитат граѓаните од следење преку препознавање на ликови. HyperFace е развиен за потребите на NeuroSpeculative AfroFeminism проектот на Санденс фестивалот.

Идејата е нешто поелегантна од очилата со огледалца и очилата со диоди. Наместо ова Адам Харви од Берлин сака да го побудали системот. Идејата е да ја наполни облеката со куп лажни ликови. Дури и не станува збор за ликови, туку за шаблон во кој се кријат илјадници лажни ликови. Поради ова алгоритмот не може да препознае кој од ликовите е вистинскиот, а кои од нив се лажни. Ова ќе ја намали точноста со која алгоритмот може да препознае лик на сликата драстично.

Идејата е шаблонот да биде отпечатен на материјалот и парчиња облека. Потоа додека креаторите на технологијата не се снајдат, некое време ќе нуди заштита од препознавање на ликот.

Image: https://ahprojects.com/projects/hyperface/

Hyperface е надградба на претходниот концепт на г. Харви, CV Dazzle. CV Dazzle преку употреба на шминка и различна фризура може да го збуни софтверот, кој потоа нема да го препознае ликот.

Шаблонот и текстилот ќе бидат достапни од 17 јануари. Претставувањето ќе биде на Sundance Film Festival 2017.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии