Скријте ги содржините на вашиот прелистувач со Pitch Black

Pitch Black е корисна екстензија која ќе ви помогне инстатно да ја сокриете содржината на вашиот прелистувач од љубопитни погледи. Доколку ви се приближи некој што не сакате да види што прелистувате, едноставно поместете ја стрелката на вашето глувче врз јазичињата или полето за пишување адреси и содржината под тоа ќе биде инстатно црна. Црнилото останува дури и да се префрлите на друг програм. Кога воздухот е безбеден, вратете ја стрелката врз прозорецот Chrome и сè ќе биде одново видливо.

Pitch Black екстензијата за Chrome ви стои на располагање тука. За да ја активирате, потребно е на ново создадената икона да кликнете и да ја вклучите опцијата Hide Browser Content. Можете да ја прилагодувате и светлината преку посебен лизгач. Имено, не мора содржините да бидат целосно црни, може да изберете и некоја посуптилна боја, како сивата.

1 коментар на “Скријте ги содржините на вашиот прелистувач со Pitch Black

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии