Скриените алгоритми кои владеат со нашето секојдневие

Во помошта која ја добиваме секојднево од алгоритмите веќе никој не се сомнева, нив ги користат компаниите, берзите, но најчесто обичните граѓани во секојдневнието. Овие моќни и неопходни алгоритмите се толку добро „скриени“ што најчесто и забораваме дека ги користиме. i09 направи листа на „сетови правила кои го дефинираат редоследот на операции“, и без сомневање првото место заслужено е за алгоритмот за пребарување на најголемиот светски пребарувач Google. Алгоритмот на Google го проценува бројот и квалитетот на линковите за да ја процени важноста на сајтот, и покрај ова Google ја зема во предвид и честоста на терминот кој го пребарувата и периодот во кој постои сајтот, се со цел да го најдете тоа што го барате помеѓу стотиците милиони сајтови.

Facebook News ги користи алгоритмите при претставувањето на сториите на вашиот ѕид за да ве информира за најновите случувања. Приказните на ѕидот се приоретизираат преку бројот на коментари, ранкот на Facebook корисникот кој ја споделил приказната и во зависност од тоа дали станува збор за текст, фотографија или видео. Алгоритмите на Amazon се одличен пример за тоа како препораките кои доаѓаат од сајтот на најголемите продавница можат да бидат релевантни. Со оглед на тоа дека алгоритмот не знае кога купувате подарок за некого, а кога купувате работи за себе, понекогаш се случуваат грешки. Дел од алгоритмите кои го користиме во секојдневието немаат врска со пребарување или презентирање на податоци, пример, алгоритамот за компресија на MP3-фајлови ја намалува големината на аудио фајловите на една десетина од оригиналната големина и имаат огромен придонес кон развојот на музичката индустрија. За останатите алгоритми на листата на i09 посететe го сајтот.

[youtube]ENWVRcMGDoU[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии