Скриена опција во iOS 7.1 овозможува контрола на iPhone со движење на главата

Малите промени кои Apple ги направи пред наколку дена го вратија балансот на iOS. Оперативниот систем сега има нови анимации, има нов интерфејс за повици, подобар Siri, мали редизајнирани детали како болдирани букви на тастатурата, и можеби најважното, но не и најинтересното, работи многу побрзо. Тоа што е најинтересно е скриената опција за контрола на iPhone и iPad со движења на главата.

За да го контролирате телефонот со движења на главата ќе треба да ја активирате Switch Control опцијата во General > Accessibility. За да работи опцијата ќе треба да подесите „switch“ копчиња, пример камерата, и да наместите движење на главата на десно да се користи за стартување на Siri или за селектирање на апликација. Изборот на функционалности си го подесувате вие, што е супер корисно, но тоа што е проблем – и зошто можеби Apple не се пофали со оваа опција – е што е непрактична за користење. Ако сте во потемна просторија, камерата нема да ви ја препознае главата, ниту движењето. Не ни успеавме да селектираме икони со движење на главата, но успеавме да ја стартуваме Siri и некои други функционалности.

Опцијата не е совршена, и сигурно ќе биде подобра, но е корисна за лицата со инвалидитет кои поради некоја причина не можат да го контролираат телефонот како што можат другите.

[youtube]lk5WDLFkDas[/youtube]