Скриен во ушите, Moto Hint е одличен Bluetooth додаток за паметен телефон

Motorola ги претстави Motorola Hint – Bluetooth слушалки кои се далеку повеќе од само додаток за аудио. Целта на уредот е да овозможи гласовна конекција со светот и е еден од најдобрите дотатоци за паметни телефони кои сме ги виделе до сега.

„Удобни се и лесни, а дозволуваат и пропуштање на аудио, па нема да чувствувате дека нешто ви го блокира увото. Кога ви е потребе, таму е. Зборувате со него, а то ви одговара. Има 3,3 часа време за зборување (10 со дополнителни батерии) и неверојатно е едносавно за користење. Има сензор кој препознава кога е поставен во увото, и се вклучува и поврзува автоматски. Кога го вадите се исклучува. Hint нема да ве натера да работите, никогаш“, вели Verge.

Покрај телефонските разговори Hint овозможува гласовно пребарување, објавување пост на друштвените мрежи, преслушување на текстуални пораки и речиси се што овозможува Google Now. Цената на Motorola Hint е 150 долари, а ќе биде достапен веќе ова есен.

[youtube]CLEF-Rq39D4[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии