Најчесто, вели таа, поплаките доаѓаат од полнолетни лица, најчесто од млади луѓе меѓу 18 до 30 години. Поплаките за малолетните корисници се многу, многу помалку.

Најголем број од луѓето се бунат заради лажни профили. Пример, некој направил лажен профил на корисникот со негови лични податоци обидувајќи се да се претстави лажно или да го манипулира. Откако ќе се провери конкретните податоци, корисникот со помош на ДЗЛП праќаат личен документ до Facebook за верификација и лажниот профил се трга.

Голем број поплаки доаѓаат и заради пробивање профили. Најчесто луѓето користат една иста лозинка за неколку сервиси, пример мејл и Facebook, па откако се открие едната се пробиваат и другите профили. Можеби проблемот се едноставни лозинките, како што беше неодамна тоа со пробивањето на Gawker медиа.

Чести поплаки се и заради навреди преку Facebook групите, но тука има проблем, вели г-ѓа. Стојановска, бидејќи Facebook не е многу отворен да брише цели групи, а и треба конкретен одговор. Често од Дирекцијата се впуштаат во објаснување на Facebook за конкретната навреда поради проблемот со два различни јазици, македонски и англискиот јазик на Facebook.

ДЗЛП наскоро ќе објави и годишна статистика за сите поплаки, барања и злоупотреба на идентитетот, па најверојатно ќе добиеме поконкретна слика.

2 коментари на “Скоро секој ден има поплаки заради Facebook, вели ДЗЛП

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии