Околу 3,2 милијарди луѓе се поврзале на интернет во 2015-та година, се вели во новиот извештај од Обединетите Нации, поточно од нивниот оддел International Telecommunication Union (ITU). Светската популација брои 7,2 милијарди луѓе, што значи дека скоро половина светот е веќе онлајн, од кои 2 милијарди се од земјите во развој, но само 89 милиони се од најсиромашните земји како Непал и Сомалија.

Тоа што е значајно е што мобилниот интернет станува се популарен, така 3G мрежите имаат глобална пенетрација од 47 отсто, што е 12 пати повеќе од 2007-ма година. До крајот на 2015-та година дури 69 отсто од светската популација ќе биде покриена со 3G мобилните мрежи, вели ITU во својот извештај.

Но, иако светот се поврзува на интернет, дали преку фиксни мрежи кои стануваат се подостапни и за сиромашните, или преку мобилните мрежи кои се доминантни во пенетрацијата, сепак единствен проблем во глобалното поврзување се забележува во брзината на интернетот. Ако поголем дел од Јужнокорејците користат интернет со брзини над 10 Mbit/s, во Египет или Коста Рика тие брзини се под 2 мегабити во секунда.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии