Скоро пола Европа користи е-Влада услуги

Скоро половината од европејците, 46 отсто, користат онлајн услуги за да побараат работа, поднесат документи за данок, регистрираат новородено дете, да се пријават за пасош и куп други административни услуги, за кои поинаку би морале да отидат на шалтер. Најновиот извештај од Европската Унија со кој се анкетираа 28.000 граѓани од 32 земји, вели дека ваквите е-Влада услуги им зачувуваат време на 80 отсто од граѓаните, на 76 отсто им се допаѓа флексибилноста а 62 отсто велат дека така зачувуваат пари. Иако не е во ЕУ, и Македонија работи на е-Влада претставувајќи бројни онлајн сервиси за граѓаните, но Министерството за информатичко општество во моментов нема информација колку од граѓаните ги користат овие услуги.

Но, тоа што е проблем со административните онлајн услуги е што не се доволно добри. Европските граѓани велат дека онлајн банкарството и оналајн купувањето се далеку покорисни и подобри услуги од јавните сервиси. За потпретседателката на Европската Комисија, Нели Крус, овој извештај, иако е охрабрувачки, сепак покажува и дека мора да са подобрат услугите.

„Кога корисниците велат дека онлајн банкарството и купувањето е пред јавните услуги, тогаш ни покажува дека јавната администрација мора да биде подобра во дизајнирање на е-Влада околу потребите на граѓаните. И мора да ја направиме е-Влада да функционира преку границите“.

Се уште поголемиот дел од корисниците велат дека сакаат лично да се сретнат со администрацијата околу разните услуги, но дури 30 отсто од нив велат дека би ги користеле услугите доколу има квалитетни сервиси. Ова значи дека ако сервисите се добри, тогаш вкупно 76 отсто од граѓаните би оделе онлајн за административните обврски. Најпопуларните услуги се пријавување на данок, промена на адреса и пријавување за студентски стипендии.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии