По се изгледа е речиси, ако не и сосем невозможно жителите на САД кои сметаат дека се прислушувани да поведат судска парница против Националната агенција за безбедност (NSA). Причината за ова што тужителот треба да докаже дека е следен, но, доказ дека NSA прислушува е практично невозможно да се добие, пишува Wired.

Проблемот со судската разрешница на потежок начин го дознава адвокатот и активист Лери Клејман кој од 2013 година се обидува да го забрани шпионирањето на Националната агенција за безбедност. Главна причина за ова е што неможе да докаже дека агенцијата воопшто го шпионирала. Според судијката Џенис Роџерс Браун, „За да може да се воспостави позиција за тужба, тужитлот мора да покаже дека има претроено конкретни и индивидуални последици. Со други зборови тужителот мора да ги прикаже своите мета-податоци кои се прибарни од државата… фактите презентирани од тужителите не го покажуваат ова во потполност“.

Проблемот со тајновитоста е што не може да добиете одговор од судот дали потезите на владата се легални, без да докажете нешто што владата нема да ви дозволи да докажете, вели Алан Батлер адвокат од Центарот за електронска информациска приватност. Дел од судиите и даваат потполно право на агенцијата за овие случаи, велејќи дека е доволно державата да ги чува овие податоци безбедни и да не биде одговорна.

Дел од податците остануваат тајни и поради инистирањето на NSA дека станува збор за податоци кои се чувствителни и дека нивно откривање може да ја доведе во опасност националната безбедност. Поради ова судиите не сакаат да ги отвораат овие податоци во името на „националната безбедност на САД“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии