Скоро 70 отсто од граѓаните над 55 години никогаш не користеле интернет!

Статистиката кажува дека Македонија за жал не е поврзана земја. Интернет имаат само 65,1 отсто од домаќинствата, додека другите велат дека не им треба интернет, ниту пак имаат знаење како да го користат, покажува најновиот извештај од Државниот завод за статистика. Забележан е пораст од 6,8 отсто на поврзани домаќинства споредено со 2012-та година, но тој процент не ја кажува целата приказна бидејќи едно домаќинство може да има само еден компјутер кој е поврзан на интерет за четири члена, или пак имаат четири копјутери поврзани преку Wi-Fi. Таа статистика фали во извештајот.

Најголеми потешкотии со интернет имаат постарите граѓани над 55 години од кои само 27 отсто користеле интернет во последните три месеци, но другите 69,9 отсто никогаш не користеле интернет или компјутер во својот живот! Добрата вест е што помладите генерации се „интернет-домородци“, односно 96,5 отсто од нив користат интернет, а 86 отсто се закачени на „информацискиот автопат“ секој ден.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии