Скопје Startup Weekend, време за споделување идеи и креирање бизнис

Додека чекаме да ги видиме првите вакви стартапи, разговаравме со Наташа Петкова од ПСМ Фондација, кои го организираат Startup Weekend-от, да ни објасни нешто повеќе за натпреварот и за идните бизниси.

Што е Startup Weekend? Што да очекуваме на овој настан?

Startup Weekend е настан по лиценца на истоименaта непрофитна организација од Сиетл, Вашингтон, кој ќе се одржи во просториите на ФОН Универзитетот од 24-26 Јуни. Целта на овој настан во вид на 54 часовен натпревар е создавање креативна средина каде ќе се генерираат многу просперитетни бизнис идеи кои можат да бидат реализирани како успешен бизнис. Во рамките на оваа активност ќе видат вклучени голем број на еминентни спикери и ментори од бизнис заедницата кои со своето искуство и лични совети ќе им помогнат на учесниците во создавањето на профитабилен бизнис модел.

Фокусот на настанот е поврзување на млади луѓе со ИТ базирани бизнис идеи кои ќе бидат разработени во тимови за време на викендот. На самото отварање на натпреварот, секој учесник се претставува себе си и својата идеја за време од 1 минута, а потоа учесниците гласаат за секоја идеја и формираат хетерогени тимови составени до максимум 4 членови кои со својот бизнис модел ќе се натпреваруваат за наградниот фонд.

Дали има место за македонски стартап компании да влезат на ИТ сцената?

Секако, областа на ИТ има неограничени можности. Во овој сектор сметам дека не е важно колку долго постои компанијата, важни се иновациите кои ги воведува. Со само една добра идеја компаниите од оваа област може да направат бум и да бидат конкурентни, исто колку и веќе долго постоечките етаблирани компании на пазарот.

Дали би можеле стартапите да бидат конкуренти не само на овој пазар, туку и на Балканот и пошироко?

Бидејќи станува збор за ИТ компании, нивниот настап на надворешниот пазар е олеснет. ПСМ Фондација, како организација со главна компонента бизнис инкубатор се фокусира на поддршка на компании од ИТ секторот. Од вкупно 30 компании кои во моментов членуваат во ПСМ Инкубаторот, 15 од нив се извозно ориентирани – тие своите производи ги пласираат не само на Балканот, туку и Европа и САД.

Всушност, и како услуга која ние им ја нудиме на компаниите е помош при остварување деловни контакти, па ние секако се трудиме тие да се пробијат и на надворешниот пазар. Тоа секако би било и случај со компаниите кои би се формирале по Startup Weekend.

Ние секогаш целиме компаниите кои се дел од инкубаторот да вршат извоз. Македонија е релативно мал пазар, особено ако се фокусираме само на еден сектор. Затоа ние како до сега, така и понатаму би продолжиле со обидите тие и да излезат од државата.

Надоврзување на претходното прашање, колку стартап компании знаеш во .мк и каква е нивната дејност? Дали македонската публика е заинтересирана за некои сервиси повеќе од други?

Преку инкубаторот имаме остварено директни контакти со повеќе од 50 стартап компании кои биле членови на ПСМ, од кои повеќето биле од ИТ секторот. Секако, дополнително преку нашите обуки и проекти контактираме со огромен број на компании и во земјата. ИТ компаниите остваруваат најбрз раст (минатата година изнесуваше 9%), но би сакала да ги спомнам и услужните компании кои работат во областа на интернет маркетинг кои забележуваат значителен пораст. Тие во моментов се малкубројни, но имаат одлична перспектива.

Малку е чудно, но од двете видеа што ги видов, едното беше промо, ме заинтересира второто. Зошто има интервју со Тони Зен и Слаткар за Startup Weekend? Дали тие ќе бидат дел од настанот?

Тони Зен и Слаткар во моментов се едни од најактуелните македонски ѕвезди со најголем број обожаватели кај младата публика. Тие нема да учествуваат на настанот, но со интервјуто со нив сакавме да ги мотивираме младите да направат нешто за себе. Тие имаат успешни приказни зад себе, си поставиле некоја цел и се посветиле на тоа да ја остварат. Идејата беше чисто да ги стимулираме младите да се борат за тоа што го сакаат – како што вика Тони: Визуализирај, па материјализирај!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии