Програмата на „КИКА“ можете да ја видите тука, а вратите на хаклабот се отворени за сите, вели Александар Балаловски од Слободен Софтвер Македонија.

„Концептот на работа му дава право на речиси секој да дојде и да презентира сé што сака, ако за таатема има заинтересирани. Хаклабот не е место само за корисници на компјутери. Таму може да се споделува знаење и од областа на уметноста, па и од секојдневниот живот. Во светот постојат хаклабови, каде што редовно се организираат, на пример, хакерски натпревари во готвење. Можеби и ние ќе направиме такво нешто. “ објаснува Александар за Нова Македонија.

Програмата и во иднина ќе се проширува со други настани, вели Игор Стаматовски од Слободен Софтвер Македонија.

„Во иднина планираме отворени настани за теми од секојдневниот живот и хакирање на политиката, економијата и реалното опкружување, како и рехабилитација на стари компјутери и нивно донирање на оние што немаат компјутер за пристап на интернет. Пристапот на интернет го подразбираме како едно од основните човекови права, а компјутерот само едно од средствата за реализирање на тоа право.“ објаснува Игор.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии