Скенирајте ја вашата мрежа со Advanced IP Scanner

Слаб интернет? Можеби не требало да му ја дадете лозинката на комшијата оној пат? Во случај да ве загрижува ваквото нешто и да сакате да проверите кој сè се има „закачено“ на вашиот рутер, ви ги препорачуваме можностите на Advanced IP Scanner.

Се работи за алатка која ќе ги задоволи и почетниците и напредните администратори. Advanced IP Scanner (или AIS) не го оптоварува корисникот со непотребни опции и фокусот е на чист кориснички интерфејс и исклучително брзо скенирање на мрежите. По завршеното почетно скенирање, ќе добиете листа од направи кои се приклучени на мрежата, заедно со нивните имиња, IP адреси, произведувач, MAC адреси и моментен статус.

Она што највеќе нѝ се допаѓа кај AIS е тоа што можете да добиете пристап до направите кои се конектирани. Преку користење RDP и Radmin VPN (дополнително се презема), можете да добиете целосна контрола врз која било направа од вашата мрежа, па дури и да ја исклучите. Крајно корисно доколку налетате на сомнителна направа за која сте сигурни дека не припаѓа на вашето домаќинство.

Дополнително, можете да лоцирате некој од приклучените компјутери од листата и, со двоен клик, да добиете пристап до споделените фолдери.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии