Скенирајте документи преку телефон со Adobe Scan

Во исполнување на работните обврски, може да се јави потреба да нѝ треба дигитална копија на одреден физички документ. Во такви ситуации или се користи хардверското помагало скенер (за професионални резултати) или едноставно се слика со камерата (исклучително аматерски, но делумно функционално). Одредени апликации за телефон повлекуваат феноменална средна линија и го извлекуваат најдоброто од двата света, без компликации кои се пропратни со дополнителен хардвер.

Adobe Scan апликацијата ви дозволува да скенирате важни документи со вашиот телефон и инстантно да ги преточите во PDF – крајно флексибилен и универзален формат за документи. Откако ќе ја инсталирате апликацијата, „скенирањето“ се состои од сликање на документите со вашата камера. Ваквата фотографија може да помине низ слоеви од визуелно подобрување (за подобра прегледност и читкост), па дури и да се изложи на OCR процесирање. OCR ги препознава зборовите од фотографијата и ги преточува во документ кој, подоцна, може дополнително да се уредува.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии