Сител со холограмско јавување во програма!?

IT.mk редакција

во ИТ.МК

{mosimage}Се сеќавате на холограмското јавување на известувачот на CNN за време на претседателските избори во САД? Следејќи го тој пример, Сител телевизија вчера за време на својата програма поврзана со изборите го претстави "холограмот" на новинарката Славица Арсова која се јави од пред изборниот штаб на кандидатот Нано Ружин. Интересен, но веќе виден настап (присетете се на холограмот на CNN) кој несомнено ќе поведе бурна дискусија во следниве неколку денови дали воопшто и се работи за холограм…

Јавувањето на новинарката можете да го видите подолу:

Забележувате дека зборот холограм погоре го напишав со наводници… најискрено, скептик сум дека станува збор за вистински холограм и сето ова ми изгледа како еден добар маркетиншки трик на Сител.

Ова го мислам од причина што двете новинарки навистина не знаеа за што зборуваат за време на "фантастичното јавување" како што го нарекоа во кое не спомнаа ниту една важна информација. Прашањето "Како се чувствуваш?" наликуваше како Сител да измислиле начин за телепортирање.. Во краткиот разговор едно 4 пати спомнаа дека "Сител вечерва за прв пат го промовира холограмското јавување", а мислењето дека нешто е чудно ми се потврди кога на крај ја слушнав следнава реченица (невкусно издиктирана) од новинарката Ивона Талевска: "Верувам дека за нашата техничка екипа ќе има голем интерест од сите останати медиуми во Република Македонија.. Сител како и секогаш е пионир во иновативноста и во презентацијата на новите техники и технологии кога се работи за да се биде лидер на медиумскиот пазар во Македонија."

Исто така при проектирањето на холограмот на CNN американската новинарка објасни дека се работи за поставен шатор на кој се работело неколку дена и во кој има голем број камери. Колку и да „не знае да го објасни тоа како новинар“ како што вели новинарката на Сител, нејзината колешка од CNN барем опиша за што станува збор.

Дали се работи за вистински холограм? Искрено, не знам но сите знаци ми наликуваат дека не е холограм… најверојатно станува збор за некоја си 3Д видео проекција која е додадена преку обична видео продукција и на која се добива ефектот на холограм, особено ми е сомнителна јасноста на сликата. Не би сакал да потценувам, но споредувајќи ги можностите и ресурсите на Сител со CNN не би знаел како да го објаснам тоа што сликата на "холограмот" на Сител е појасна од оној кој беше прикажан на CNN. Не ми е јасно ниту зошто водителката Ивона не ја гледа во очи или во лицето дописничката, што ме води кон дилемата дали воопшто и ја гледа во студиото?

Многу прашања… ќе почекаме за одговорите. На форумот веќе се води активна дискусија поврзана со ова.
Btw, доколку сакате да прочитате повеќе за холограмите одличен линк е HowStuffWorks.com.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии