Сите WordPress сајтови ќе имаат пристап до Instant Articles на Facebook

Почнувајќи со 12 април сите креатори на содржини ќе можат да го користат Instant Articles на Facebook, вклучувајќи ги и WordPress сајтовите. Automattic, во соработка со социјалната мрежа и Dekode, креираа плагин со кој сите WordPress блогови од оваа платформа ќе бидат прилагодени за Instant Articles.

Automattic, мaтичната компанија зад WordPress, вели дека плагинот ќе биде бесплатен и достапен за преземање пред 12 април. Плагинот ќе биде со отворен код, па WordPress заедницата ќе може да помогне да го подобро интегрира. Засега плагинот е достапен на Github, но наскоро би требало да биде достапен и во плагин одделот на WordPress. Она што ќе го овозможи плагинот е адаптација на содржините за новиот Instant Articles формат. Oва е минималистички дизајниран формат на кој фокусот се става на текстот, страните во кои се отвараат содржините се едноставни, и најважно – се отвараат инстантно, за неколку секунди.

Сите блогови и издавачи кои користат стандардни WordPress темплејти ќе можат да ги користат Instant Articles со активирање на плагинот, а сите оние кои имаат специфични барања ќе мора да направат промени и да го прилагодат плагинот.

wp-foreign-policy1

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии