Сите важни новoсти од Google I/O 2014…

Од апликации за фитнес Google Fit до Android L за сите уреди, и Android апликации на Chromebook, до првите часовници со Android Wear и Android TV… Ова се само дел од презентираните новитети на Google I/O 2014.

[youtube]EgeMgjplANY[/youtube]

Еден од новитетите е Android One телефонот кој ќе ги популаризира Google и Android на пазарите во развој. Проектот треба да биде сет на мерки кој ќе обезбедат паметни телефони по минимум стандарди со кои ќе се обезбеди дополнително намалување на фрагментацијата на Android. Програмата ќе овозможи телефоните кои ќе доаѓаа со Android One линценцата да бидат сигурни дека купуваат уред со минимум спецификации кои овозможуваат солидни перформанси на уредите. Прв телефон со ваква лиценца ќе издадат индиските производители Micromax и Karbonn, кои најавуваат 4,5-инчен дисплеј, дуал SIM и FM-радио.

[youtube]neBP4PMmVoo[/youtube]

Google ја најави и следната верзија на Android, Android L. Новиот интерфејс е многу променет и на моменти заличува на интерфејсот на Windows Phone, иако само според најавените можности Android L е многу повеќе од тоа. L ќе доаѓа со 64-битна компатибилност и поддршка за DirectX 11 за 3Д-графика. Еден од новитетите е и Project Volta кој ќе го прикажува празнењето на батеријата, но и ќе помогне за продолжување на периодот помеѓу полнењата.

Оперативниот систем доаѓа со Material design кориснички интерфејс, нешто што Google исто така го најави на овој настан. Промената е забележлива уште на почетниот екран на кој иконите на навигациската лента се заменети со тријаголник, круг и квадрат. Новиот Android ќе има и надградени нотификации, кои сега ќе се појавуваат и на почетниот, заклучен екран. Корисниците од тука ќе можат да ги отворат, прочитаат или да ги избришат нотификациите.

[youtube]Q8TXgCzxEnw[/youtube]

Една од најочекуваните презентации беше на Android Wear и Мото 360 паметните часовници. Функционалноста на часовникот сега овозможува креирање на белешки, потсетници, аларми, повици и слично. Преку Google Play сега веднаш ќе се инсталира верзија на апликацијата на паметниот часовник кога корисникот ќе ја инсталира на телефонот. Покраj LG и Motorola и Samsung излезе со верзија на Galaxy Gear со Android Wear.

[youtube]7Ajzlcx_F0Q[/youtube]

Во дневната соба Google ќе се обиде да ја заживее Android TV со овозможување на гласовно пребарување по телевизските канали, игрите или апликациите. Android TV приемникот ќе им овозможи на корисниците да гледаат најразлични содржини, Android доаѓа на приемникот со тшо ќе биде директно интегриран во телевизијата.

[youtube]am0FIpemzeA[/youtube]

Покрај пламетните часовници Google најави дека оперативниот систем наскоро ќе биде достапен и на автомобилите. Android Auto овозможува користење на оперативнит систем во автомобилите, но сепак клучно е користењето на апликации чие користење е природно при возењето. Станува збор на пример за Google Maps, Play Music, гласовно пребарување и се разбира нотификациите од Google Now. Слично како и кај останатите платформи и кај Android Auto контекстот е од исклучително значење, на пример доколку пребарувате за некоја локација, Auto веднаш ќе ја презентира и рутата до таму. Телефоните се своевиден клуч за Android Auto, но Google објаснува дека користењето на командна табла е побезбедно од чепкањето по телефонот во автомобилот. Google Maps доаѓа со гласовна нотификација, што се рабира дека овозможува поретко вртење на погледот од патот. Ќе биде интерeсно да видиме како ќе се одрази ривалството на Apple и Google на CarPlay и Android Auto и на автомобилската индустрија. Google ги најавува првите Android Auto возила за крајот на годината, а првите партнери се Hyundai, Porsche и Acura.

[youtube]Ht8yzpIV9M0[/youtube]

Google Fit е една од функциите за која беше шпекулиrано дека ќе биде презентирана и овие информации се покажаа како точни. Речиси идентична со HealthKit на Apple, апликацијата ги собира сите податоци за „кондицијата“ на корисникот на едно место. Апликацијата може да има пристап до целокупните податоци од вежбањето и да им понуди совети на корисниците. Компанијата потврди дел од партнерите помеѓу кои се: Nike, Adidas, HTC,LG, RunKeeper, Polar и Motorola. Google Fit според најавата ќе биде достапна за неколку недели.

Корисниците на Chromebook наскоро ќе можат да ги користат и Аndroid апликациите на своите уреди. На презентацијата Google покажа како изгледаат Vine и Flipboard Android апликациите на Chrome OS. Ова наеднаш значително ќе го зголеми бројот на апликации кои се достапни за Chromebook. За жал засега станува збор за проект кој ги прави своите први чекори, па за позначителен напредок ќе треба да помине време.

[youtube]Q8EwC48Xfjc[/youtube]

Google најави и надградба на Google Drive услугите. За претплата од 10 долари, секој корисник ќе добие неограничен простор на Google Drive и надградба за фалови со големина да 5TB. Drive for Work ќе добие надградба на алатките кои ќе овозможат поедноставна употреба и надгледување во големите коорпорации. Дополнително Quickoffice конечно ќе може да едитира фајлови од Word, Excel и Powerpoint пакетот. Google Drive има 190 милиони корисници а 58 отсто од Fortune 500 компаниите ги користат сервисите на компанијата. За сите заинтересирани Drive for Work е веќе достапен и може да се активира услугата.

[youtube]DFFj51OcizA[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии