Сите ваши јавни постови на Facebook сега му припаѓаат на светот

Facebook индексираше два билиони јавни постови кои отсега ќе се појавуваат при пребарувањата. Станува збор за долгорочен план на друштвената мрежа да се натпреварува со Google. Освен индексирањето, тимот на Search FYI на својот блог откри дел од останатите подобрувања и функции на кои работат. Така актуелните новости ќе се појавуваат во пребарувањата, а во оваа листа ќе бидат вклучени и постовите на пријателите. Дополнително во пребарувањата корисниците ќе ги добијат и најпопуларните постови на луѓе кои не ги познаваат заедно со постовите на пријателите.

ezgif-1821919123

Проектот е дел од поширок план на Facebook да ги задржи своите корисници постојано на сопствената платформа. Друштвената мрежа вели дека има над 1,5 милијарди пребарувања секој ден, сепак изгледа речиси неверојатно дека овие пребарувања се надвор од основните, како пронаоѓања на пријатели, брендови, страни на музички групи, филмови и слично. Бројката е половина од секојдневните пребарувања на Google, кој секој ден опслужува околу 3 милијарди пребарувања.

Индексирањето на постовите ќе им овозможи на сите корисници полесно да дојдат до податoци, иако квалитетот на овие податоци, барем на оние кои се коментари, во најмала рака е сомнителен. Имплементацијата на пребарувањето истовремено доаѓа на декстоп, iOS и Android, а со оглед на тоа дека повеќе од половина од пребарувањата сега доаѓаат од мобилни платформи, потегот е одличен.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии