Опцијата, чија примарна намена е на корисниците да им даде контрола и детален преглед врз она што тие го споделуваат на сајтот, исто така може да се искористи и како еден вид бекап систем за фотографии и видеа.

.Zip фајлот содржи HTML фајл кој е лесен за користење и содржи линкови до податоците.
Фајлот ќе изгледа вака:

За да погледнете како ќе се одвива целиот процес за преземање на вашите лични податоци од друштвената мрежа, погледнете го следново видео:

13 коментари на “Сите ваши Facebook податоци.zip

  1. Секако дека е контрола на податоци. Секој може да си види што сé е изложено на нет и после тоа секој ќе може да си ги промени опциите и да го направи својот порфил по безбеден.

  2. Кога ќе излезе ова , обавезно ќе направам мало сервисче што ќе ги парсира сите слики и постови и ќе ги префрли на Twitter account :)

    1. Обавезно… Не би го правел за џабе :)

      Сигурно ќе биде едноставно. Преку oAuth ќе се конектира со акаунт , и преку xPath ќе ги парсира податоците.

  3. да помислив и јас на тоа. веќе имаме изградено каков таков виртуелен профил, со оваа опција имаме можност истиот да го префрлиме каде сакаме :))

  4. Малку позитивно светло да фрлам…. ова значи дека сега другите слични сервиси ќе може да го проучат овој зип и за неколку недели ќе овозможат да направите import на истиот во нивниот севис. Значи… со овој чекор се доаѓа поблиску до шанса да се појави конкурентен севис кој ќе може да продолжи да нуди услуги без премногу да чувствувате дека треба се одново да правите… :)

    Ми се свиѓа ова… сега изгледа вистински ќе може да го очекуваме наследникот на Facebook :D

    1. Се согласувам со Дарко. Сепак нештата се движат напред. А во однос на заштитата на податоците и приватноста, па би го кажала следното: @ аНТИ: најголема заштита е да не го оставаш компјутерот изложен туку да си го заштитиш да не може да пристапува никој до ништо твое кога не си пред него. како второ@ секој од нас е свесен за опасностите кои постојат и он и офлајн и бира колку и што ќе штити од својата сопственост. Секако дека фејсбук треба да овозможи котролата на податоците, односно приватноста да е во рацете на корисникот. Но се надевам се движи кон тоа… чекор по чекор.

  5. во ова јас не гледам заштита, туку олеснување на можноста од загрозување на приватноста… на пример, сега може многу полесно некој додека не сум пред компјутер да си издаунлодира се што имам во пораки и да си ги понесе со себе… не знам дали тоа остава траги или статистика.

    1. Тогаш тоа не е вина на Facebook што произведува ловечки пушки :) Користи заштита на лаптопот пример LastPass, http://it.com.mk/lastpass-eden-kluch-za-site-vrat… Нели имаш и опција да те известува за време на логирањето на Facebook. Се уште ја немам опцијата на мојот профил да видам дали ти зачувува податок кога си го симнал профилот.

      Во принцип можноста не е заштита, туку еден клик услуга.

  6. ова е одличен потег, вака имаме пристап до се она што досега сме го споделиле на facebook. точно е дека не ни требаат некои работи кои веќе ги имаме на нашиот диск и би било подобро да имаме опција што точно од нашиот профил сакаме да download-ираме.

    пробав денес апликација за download-ирање на сите податоци за нашите пријатели. (основни се разбира), но таму ја имаше оваа опција за избор. така не би морале да ги слегнуваме повторно сликите, видеата, event-ите и сл.

    ветуваат more concrete development. а, тоа е интересно :))

  7. ОК, но како ова „овозможува контрола врз податоците?“ Јас најверојатно веќе ги имам сликите што сум ги ставил на Фејсбук на мојот хард диск. Најверојатно сум веќе свесен за тоа кој ме тагнал на одредена слика. Можеби и како корисник не сум свесен за тоа колку е изложен мојот профил.

    Можноста за да можам да симнам се што имам на Фејсбук како .zip фајл не ми овозможува никаква ама баш никаква поголема контрола врз приватноста и информациите што му ги имам озбезбедено на Фејсбук.

    Единствената контрола се наоѓа во панелот за Приватност; не во некој .zip фајл кој моментално лета со star.gif покрај него како наводно да го решава проблемот со приватноста на Фејсбук.

    1. Ова значи дека можеш да се спакуваш и да го напуштиш Facebook. И се што е твое да си земеш со себе. Или да си го префрлиш на друга мрежа. Или со еден клик да си ги симнеш сите фотографии, во случај да ги немаш. Ова е повеќе корисно нешто одошто е корисничка контрола.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии