Сите Tutorijali.mk на едно место

Претходно IT Ways, сега Tutorijali.mk, сајтот е креиран за едукативни цели, нудејќи туторијали за најразлични ИТ нешта, од водичи за користење на оперативни системи до веб дизајн и веб сервиси.

Сајтот нуди листа на туторијали кои може да ги прегледате, но и опција да закачите и да споделите ваше едукативно дело без потреба да се регистрирате. Сите туторијали се и треба да се на македонски јазик, со наведен извор од оригиналниот автор.

Tutorijali.mk го пополнуваат празниот простор оставен од Tutoriali.com.mk кои работеа на ист концепт и кои по скоро една година престанаа да функционираат. Двата сајта се водени од различни луѓе.

„Сајтот ни е во прв план, но покрај него, бидејќи ни беше некако празно, креиравме и форум каде што нашата идеја е да се полни со книги/туторијали… каде што членовите можат да побараат креирање на туторијал за одредена тема кои што тие ќе ја зададат, и во најкратко време да им го овозможиме тоа.“, вели Tале Нестеров, основач на Tutorijali.mk.

8 коментари на “Сите Tutorijali.mk на едно место

  1. убаво е да се нафатиш да направиш…..само лошо е кога се правиш техничар со инсталирани wordpress и mysql и од страна додаден phpbb……..а и целиот сајт е рипуван темплејт :) Многу сме креативни ние Македонскиве IT техничари со веќе креирани софтвери….се што е потребно е Google Search + Translate….сепак со среќа има многу информативни работи

      1. Има ставено WP плагин – снешкото, снегот и музиката се од тој плагин
        Но ќе го смениме овој плагин, бидејќи често се појавува снешкото и мислам дека е досаден :)

    1. Туторијали.ком.мк веке не постои а и нема да постои,супер што се нафатиле да направат ваква страна нема такви во МК.Тешко дека некој ќе се нафати да преведува за free.Честито и среќно,само така продочжете! А и за логото мислам дека ке средат,сеуште се нови :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии