Сите TEDxSkopje говорници

Што се однесува до официјално претставените говорници на TEDxSkopje, почнувајќи од првите претставени, се:

  • Гоце Митевски, графички дизајнер – Во постојана потрага по различни начини на креативно изразување, Гоце Митевски е во целост отворен кон светот.
  • Никола Узуновски, ликовен уметник – Рушејќи ги границите помеѓу науката и уметноста, Никола Узуновски спаѓа во групата уметници кои ревносно ја следат својата идеја како главна референца во општиот поредок на нештата.
  • Зоран Ивановски, eлектроинженер – Ќе зборува за својот критички однос кон новите технолошки изуми; колку се потребни, а колку наметнати.
  • Илина Јакимовска, етнолог – Taa eтнологијата ја поставува во дневно светло, приложувајќи ја пред нашиот невнимателен поглед.
  • Петар Павлов, графички дизајнер – Ќе зборува за начините и предностите на „гимнастика“ во други области, неповрзани со главната професија на поединецот.
  • Никос Чаусидис, археолог – Во своите истражувања се фокусира, пред сè, на транспозициите на симболот, митот, религијата во визуелните и ликовните медиуми.
  • Игор Трајковски, информатичар – Ќе зборува за техники базирани на човековото пресметување – решавање на алгоритамски проблеми, каде дел од пресметките се извршуваат со несвесно учество на корисниците.
  • Клајд Масгрејв, бизнисмен – Истакнат технички инженер и бизнисмен во мисија за инспирирање и подршка на предприемници во нашата земја.
  • Небојша Вилиќ, историчар на уметност – Ќе зборува за одговорноста во јавното излагање, преку анализа на концептите за агората, книгата и блогот.
  • Невена Ацковска, биоинформатичар – Информатичар кој работи на проекти за генетичко дешифрирање, подеднакво упатена за работата во генетичка лабораторија како и во компутерското програмирање.
  • Последните двајца двајца говорници најверојатно ќе бидат професорот Анастас Мишев и маркетинг експертот Петар Лазаров. За што ќе говорат и повеќе за нив кога TEDxSkopje ќе ги претстави официјално.

Инаку, TEDxSkopje предизвика контроверзии со одредување на публиката, имено според нивната лиценца се дозволени само сто гости во публиката, а се пријавија многу повеќе. Но без грижа, најверојатно настанот ќе биде стриман во живо…

12 коментари на “Сите TEDxSkopje говорници

  1. Со оглед на тоа дека има многу коментари од типот „има луѓе“, можам само да ги повикам сите да ги наведат имињата на тие луѓе и да остават контакт информации за нив, така што до следниот TEDxСкопје ќе може да се контактираат тие луѓе што јавноста ги смета за подобри.

    1. Кога толку барaш … Ванчо Орданоски, човекот си е активен и тука, отворен е за комуникација со секого и има 20тина години (ако не и појќе) искуство со ИТ (информациски системи, програмирање и сл.). Го разгледав неговото CV изминатово лето (сега не знам зошто, но недостапно е веќе… барем ја не можам да го отворам) и според она што го имам слушано за него од оние коишто работеле со него и она што го остава како коментари тука на различни статии можам да заклучам дека е еден од најдобрите ИТ менаџери, професионалци или како ли сакате речете во земјава, па и пошироко. Затоа потрудете се, најдете го човеков и ако он е во можност и сака нека има едно мало излагање и годинава.

      1. лично јас сум бетер од погорниот Пеце! Секоја чест за некои од говорниците за кои не се знае дали ќе настапат! – другите искрено некои не ги почитувам, а некои не ги познавам. Точно така Вордан има што да каже и да е на тедИКС ќе дојдам да го слушам, а остало е аут оф дејт 100%! И ове ќе испадне како и се останато на Македонски начин ц ц ц ц ц :s

      2. Зошто би коментирал вака кога не ни била презентацијата? Прво отиди, види и чуј, па потоа ако навистина било лошо, коментирај. Се додека не научиме дека треба да им дадеме и на други луѓе шанса да се покажат, ќе останеме затворени. Е тоа ти е твојот „Македонски Начин„ :)

  2. А зошто да не им се дозволи и на овие да се претстават? Може ќе пронајдеме поголеми скриени професионалци со брилијанти идеи?
    Чим веќе има луѓе со искуство и професиоализам, значи веќе ги искажале нивните идеи. Да се дозволи и некој друг да ги сподели нивните мислења :)

  3. Ама нема извимување, Живе е само културен. Ете на пример јас не сум толку емпатичен како човек и можам слободно да речам дека нема да го пратам повеќе TEDxSkopje.

  4. Со сета почит кон сите 12 говорници и не дека сакам некого да изрекламирам, но сметам дека има и други лиѓе кои што можат да бидат дел од овој настан. Едноставно има луѓе кои се со огромно искуство и се професионалци во својата област.

    1. Да се надеваме дека нема да биде единствен ваков настан и на следниот ќе има некои од тие професионалци, но мислам дека ова е максимумот

      1. Ок сето тоа се надевам ќе може да се претстави и на др. ваков или сличен настан тука во државава. И да, факт е дека фалат вакви настани во Македонија. И не само во Скопје, мислам дека треба и низ другите градови низ државава да се организираат вакви настани. Плус имаме и министерство за информатичко опшество, што сметам дека би требало да помогне во организирањето на ваквите настани и трибини ширум земјава.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии