Сите се поканети на првата Hearthstone диско журка!

По подолго време и завршување на летото, повторно имаме Hearthstone турнир. Забавата повторно ја организираат Гоблин, а овојпат, повод е излегувањето на новата авантура One Night in Karazhan.

„Излегувањето на новата Хартстоун авантура – One Night in Karazhan ќе го прославиме со неверојатна забава во стилот на 70-тите и 80-тите! Со многу специјални коктели, диско-топка, диско музика, зезање, шизење, денсање и маскирање со перики, ланци и шарени кошули. А во целото тоа лудило ќе се случува и Хартстоун турнир… :)))“

Сите посетители кои сакаат да учествуваат на турнирот, треба да дојдат со уред на кој ја има најновата верзија на Hearthstone. Пријавувањето ќе се направи во Public Room, но кој сака може да го направи тоа и онлајн.

„Ќе има вистинска disco журка од 80-ти, со cosplay маски и турнир. Влезот за журката е бесплатен за сите! Повторно поддршка и спонзори на овој турнир се Lynx Animations и Anhoch, а без нив организацијата на турнирите ќе беше невозможна.“, вели Самоил Петрески од Гоблин.

Со оглед на тоа дека овој настан е и „cosplay“, ќе има и награди за најдобро маскираните. Овие награди ќе ги доделува Blizzard. За жал нивниот број е ограничен, па ако има премногу маскирани посетители, наградите ќе ги додели жири. „

Турнирот ќе се одржи во Public Room, на 28 август со почеток од 19:00.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии