Сите победници на престижните стартап награди Тhe Europas 2013

Гејминг студиото ZeptoLab, креатори на популарната мобилна игра Cut The Rope која е симната над 100 милиони пати, се овогодинешните победници на престижните стартап награди The Europas. Како и победничкиот стартап, така и неговите конкуренти се веќе етаблирани компании со инвестиции од неколку до десетици милиони евра наменети да го забрзаат развојот на бизнисите во надеж дека тие ја имаат вистинската нова идеја која за година-две ќе ги направи следниот Google, Facebook или PayPal.

Оваа година на престижниот натпревар се пријавија над 1.000 стартапи од европскиот регион, но само 200 беа одберени како финалисти во 25 категории. На крај, беа доделени над 30 признанија за најдобрите стартапи, инвеститори и достигнувања, поделени според региони, категории, избор од публиката и избор од жирито составено од 75-те експерти.

Подолу е листатa на најдобрите стартапи. Целата листа на признанијата може да ги најдете тука.

  • Гранд-приZeptoLab
  • Најдобар стартап од „тешка категорија“Wonga
  • Најдобар друштвен, мобилен стартап или апликацијаZeebox
  • Најдобар продукт EyeEm
  • Најдобар стартап за култура (филм, музика, мода) Lyst
  • Најдобар финансиски стартап – Toshl (словеначкиот стартап е еден од ретките екс-ју на натпреварот)
  • Најдобар стартап од „средна категорија“ – Transferwise
  • Најдобар стартап според публиката – Wooga
  • Најдобар стартап од „лесна категорија“ – Sketchfab
  • Најдобар стартап надвор од Европа – Paymentwall
  • Најдобар стартап за бизнис – DataHug
  • Најдобар стартап за завава, аудио и видео – Intellitix
  • Најдобар стартап инкубатор – Seedcamp
  • Најдобар едукациски стартап – Scolibri
  • Најдобар стартап за транспорт и патување – Shutl
  • Најдобар стартап за маркетинг – Socialbakers
  • Најдобар стартап за вработување – InternAvenue
  • Најдобар ирски стартап – DataHug
  • Најдобар британски стартап – GoCardless
  • Најдобар германски стартап – MyTaxi
  • Најдобар француски стартап – Qunb
  • Најдобар скандинавски стартап – Instabridge
  • Најдобар руски стартап – AlterGeo
  • Најдобар стартап од Централна и Источна Европа – NextStories
  • Најдобар стартап од Средниот Исток и Северна Африка – Markafoni

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии