Надополнето: Сите победници на првите македонски Веб награди

Како за прв ваков настан кој се појави одеднаш, номинираните не беа откриени до самото прогласување, наградите си имаа свои пропусти. Ги нема критериумите според кои се изберени сајтовите, а и изборот на сајтовите беше малку контроверзен. Пример, tocka.com.mk се најде во категорија на информативни сајтови заедно со сериозни медиуми, а беше изоставен time.mk. Или пак t-mobile.com.mk беше прогласен за најиновативен сајт. Кој е критериумот да се прогласи стандарден корпоративен сајт како најиновативен? Еве пример за .мк креативен сајт кој ни беше посочен на Facebook и кој се најде во листата на топ стандардите за 2010 на WebDesignDepot.

Надополнето: Инспирирани од коментарите подолу, откривме дека сајтовите на telegraf.mk и 24online.mk, победничкиот и еден од номинираните сајтови во категоријата информативен сајт, се изработени од X3M Labs. X3M Labs е и дизајнер на MediaSolutions. MediaSolutions сe луѓето зад KeepanEye кој е организаторот на настанот. Сите три сајтови се регистрирани од X3M Labs, и во сите три регистрации стои името на Пеце Ангеловски – менаџер на X3M Labs кој претходно соработувал со Media Solutions, и воедно е и еден од жирито на Веб наградите.

Media Solutions велат дека тие и X3M Labs се две различи фирми и негираат дека влијаеле врз изборот, велат дека X3M само ги изработиле сајтовите додека жирито разгледувајќи бројни сајтови го стесниле изборот во кој влегле и telegraf.mk и 24online.mk.

Член на жирито, независен од погоре пишаните, потврди дека сите 6-7 члена од жирито сами ги предложиле кандидатите за сајт на годината, по што следувало гласање во два круга за 4-5-те категории.

Дополнително, од Keepaneye подолу во коментарите ги наведоа критериумите под кои е извршен изборот. Истите ќе бидат објавен наскоро на sajtnagodinata.com со цел да се разјасни процесот.

Сепак, грешката е во конфликтот на интереси. Дизајнерот на номинираните сајтови никогаш не треба да учествува во натпреварот, а ако веќе учествува, што е глупаво во секој случај, тогаш воопшто нема потреба да биде дел од жирито.

Од позитивната страна, Веб наградите се одличен настан да се даде можност на корисниците да се запознаат со .мк интернет сферата, како и да се поттикне креативноста кај ИТ ентузијастите и веб дизајнерите. Организаторите од KeepanEye рекоа дека наредните Веб награди ќе добијат повеќе категории и вклучени сајтови, подобра промоција и најверојатно ќе биде вклучена и публиката со цел ова да стане традиционален настан.

Еве ги сите победници и номинирани на Веб наградите за 2010 година. Победниците се со болдиран фонт. По листата ќе најдете и галерија од настанот.

Сајт на годината:
www.kajgana.com
www.it.com.mk
www.t-mobile.com.mk
www.femina.mk
www.men.mk

Најдобар Информативен Сајт:
www.24online.mk
www.sitel.com.mk
www.telegraf.mk
www.a1.com.mk
www.tocka.com.mk

Најиновативен Сајт:
www.t-mobile.com.mk
www.it.com.mk
www.badijala.com
www.crnobelo.com
www.za1denar.com.mk

Најдобар Бизнис Сајт:
www.biznis24.com.mk
www.mkfondovi.com
www.gorska.com.mk
www.gorenje.com.mk
www.mse.com.mk

Најдобар e-commerce Сајт:
www.najevtino.com
www.tc.mk
www.kupi.se
www.ex.mk
www.kniga.com.mk

Исправка: Имало грешка на сајтот на Веб наградите што ги прави работите пологични. Имено, во категоријата е-commerce треба да стои Kniga.com.mk наместо kajgana.com.

70 коментари на “Надополнето: Сите победници на првите македонски Веб награди

  1. @Pece Angelkovski
    Гитла, бе, преваро една!
    Кој ти дал право да ја лажеш јавноста и тоа да „ти ласка“? Таквите како тебе во нормални земји ги приведуваат и ги пикаат во затвор.

    Жити мајка, следната година ќе било „подобро“. Напикај се под каменот од кој си излегол и да не слушнеме повеќе од тебе. Твојата репутација е потрошена, ако воопшто си ја имал.
    Не знам која „квалитетна и професионална“ личност (за разлика од тебе) догодина ќе сака да биде дел од измамата.

  2. Како прво: анонимноста е избор. Мене повеќе ме загрижува непостојноста на став на конкретен поединец, отолку на нешто минливо и менливо како неговото име – на пример. Еве, се викам Ѓурѓа. Што менува тоа?

    Второ: изборот е смешка. Уште посмешна е завидливоста и (индиректното) непочитување на „победниците“ на еден таков апсурден натпреавр, од страна на сајтови што претендираат да се наметнат како инвентивни и информативни. Што не се.

    Трето: дали, воопшто, се прашувате кому му е битна и нужна сатисфакцијата од здобиени награди, титули и епитети, независно од нивниот вид, кредибилитет и индивидуално и/или општествено значење?

  3. Оваа е најсмешниот избор што сум го видел.
    Ако не беше кајгана прва на иборот ќе беа очигледни местенките.
    Овој избор е обид за ефтина реклама на непознати сајтови
    Најиновативен Сајт: http://www.t-mobile.com.mk http://www.it.com.mk http://www.badijala.com http://www.crnobelo.com http://www.za1denar.com.mk
    Какви иновации има овде ?
    btw Дали пиратијате е офицјално подржана од Македонските институции?

  4. Извинете, но морам да прашам: што воопшто работи „уредникот“ на kajgana.com?
    Одредува што ќе биде „дигнато“ од кој странски сајт и ќе биде преведено? Или се договара со Латас која ќе биде следната информативна превара? (бидејќи соработуваат со Сител, нели)

    kajgana и другите слични манџи од сајтови во Македонија се тажни места — гробишта на информативноста, папазјании на кичот, шампиони на непотребните информации.
    Уредник, а?

    1. Тажни се анонимните хејтерчиња како тебе, кои зад анонимни и зајадливи коментарчиња "работат нешто" : ) Се знаат, најпаметни се, сите други се глупи, тие знаат како треба – ама… aма хејтањето на другите е полесно. Ќе се ставиш на нет, по можност анонимно, нели, ќе чкрабнеш нешто да истуриш фрустрации, и ќе си легнеш. Утре пак.

      Incredible fun : )

      Дај направи сајт, и покажи ни на сите нас шампионите на непотребните информации како се освојува пулицер : ) Eве, јас ќе ти донирам домен, хостинг и се што ти е потребно : ) На тебе е само да седнеш и да растуриш : )

      1. Секој има право да биде анонимен. Без врска дали е потпишано името или не, секое мислење е ценето на IT.com.mk

      2. #6 од Rules Of The Internet:
        Anonymous can be horrible, senseless, uncaring monster.
        ;)

        Шала на страна, да ви честитам за добиената награда, и да не останувате на тоа што сте сега туку само да се подобрувате, нека ви дојде како стимул ова. Не сум од тие што 'дремат' на таков тип портали, еве Кајгана го отворив сега после којзнае колку време, и го наоѓам со нов изглед, само напред. И на крај мала шала: немате банер доле :P (стварно или мааалце помалце реклами или организирајте ги да не бидат нападни при посетување на сајтот)

    2. Не бе, се шалам, нема врска …

      Секогаш ме интересира да ги видам најновите враголии на Латас и да прочитам за влакната од левото маде на оној фудбалерот…
      Само, немате ништо за најновото продолжение на „Шехерзад“. Или, имате?

  5. Идејата е на место но реализацијата слаба. Како и да е едно долго патување започнува со еден мал чекор нанапред така да наредната година се гледаме на натпреварот :) :)

    За сите заинтересирани повелете погледнете го видеото од прогласувањето на победниците:
    http://qik.com/video/7044624

  6. Ми беше предолг коментарот, па го поделив во два постови. Eве го вториот дел од тоа што сакав да го доискажам:

    Лично, ја поздравувам идејата за ваков настан. Како што напиша Виктор Арсовски "Веб наградите се одличен настан да се даде можност на корисниците да се запознаат со .мк интернет сферата, како и да се поттикне креативноста кај ИТ ентузијастите и веб дизајнерите".

    Чудно што никој од присутните на настанот не искористи можност за меѓусебно запознавање, размена на искуства, идеи… Можности за соработка, што беше тоа? Лично, мило ми е што се запознав со Булдиоски и Кузески. Набрзинка беше, ама навистина ми беше драго. Од it.com.mk не препознав никој, а очекував и ќе ми беше драго да ги запознаам дечките.


    Дарко Лазаревски
    Уредник на Kajgana.com

    1. Дарко, IT.com.mk иако бил номиниран во две категории, без знаење на никој од наша страна, сепак не добивме никаква покана за учество на настанот ниту пак добивме известување дека сме пријавени на некој натпревар. Не си ги познал, присуствуваа Виктор и Стефан, но само откако дознаа преку трети лица на Твитер дека се оддржува вакво нешто.

  7. @webomania
    Ова што го напиша е чиста клевета изнесена во јавност. Едно е да бидеш убеден во нешто тргнувајки од (не)здрав разум и да изразиш сопствено мислење, друга работа е да тврдиш нешто претставувајќи го лажно како факт за кој тврдиш дека е вистина, притоа тенденциозно изнесувајќи лаги и невистини во јавност за да наштетиш на некого, во случајов на нас. Можеш да си фрустриран и да си хејтер, но не можеш да изнесуваш лаги од само тебе познати причини, за кои не е тешко да се претпостави кои се.

    Мое лично видување за изборот:

    Фалеа категории во кои ќе бидат поделени сајтовите. Фалеа и сајтови кои заслужуваат да бидат номинирани во тие категории, како и во постоечките категории. Лично, ме зачуди што не е номиниран на пример Time.mk. Ме зачуди што не беа номинирани Идивиди, Зазабава, ОнНет, КадеВечер, Таратур, 365… да освоиш награда во конкуренција на такви номинации секако дека е послатко и изборот би бил поинтересен. Со критериумите за избор по кои гласало жирито требаше сите навремено да бидат запознаени, пред да бидат избрани сајтовите.

    1. dizajnot e od joomlart magento templates… tie samo go iskoristile (se nadevam platile za templejtot)
      ama kako i da e.. ne e nivni dizajn taka da kako moze voopsto da se racuna za makedonski i da bide prv koga tie samo ja popolnile bazata so produkti

  8. Samo za informacija,Kajgana.com koristi botovi koi gi polnat statistikite so iljadi posetiteli. 100% sum ubeden od toa,prvo bidejki prosekot na ostanuvanje na stranata e nekolku sekundi,vtoro ima dosta proxy ip,treto nema tolku aktivni clenovi kako sto ima poseti.

    Drugo, vie smetate deka site ovie gluposti se OK,samo bidejki ova e prv nastan od vakov vid???

    Treto, makedonija nemoze sekogas da bide najbolje. Nemojte da mislite deka ako nesto e stvarno golema sejlotina a e made in macedonia,znaci ne se vazi toa.

    Cetvrto,ako nastanot e poddrzan od pretsedatel ne znaci deka e dobar. Toa znaci deka Makedonija e super,oti e poddrzana i upravuvana od pretsedatel…

    Se nadevam deka ako ste patrioti,nema da poddrzuvate sto ke stignete. Toa ne e patriotizam!

    1. „koristi botovi koi gi polnat statistikite so iljadi posetiteli.“

      Не верувам дека тука се работи за бројот на посетители, иако како критериум е наведена Алекса. Сме пишувале за колку Алекса е релевантен извор на статс. Сепак тоа се надевам немало врска во изборот.

      Но…. „Drugo, vie smetate deka site ovie gluposti se OK,samo bidejki ova e prv nastan od vakov vid??? “ = Win!

  9. Навистина многу видувања. Независно какви се, морам да искажам благодарност на посветеното време. Исто открив и повеќе тези и видувања лично до мене кои на некој начин ми ласкаат, колку се сметало дека можам да влијаам како човек што до некаде ми предизикуваше и насмевка.

    Овие запримедби и придавање на важност покажува дека има интелигентни и амбициозни луѓе во оваа област и дека несомнено ќе се развива web-от во Македонија. Повеќето од луѓето кои сметам дека се поквалитетни и попрофесионални во ова поле, ги предложив за наредната година за жири комисија и се надевам дека наредната година манифестација ќе ги покрие сите слабости со се помалце незадоволни.

    Поздрав!

  10. убаво сте направиле листа ама непишано правило е секогаш сајтовите да бидат линкови, барем тоа не е некоја процедура. Искрено некои сајтови прв пат ги гледам и никогаш не сум ги прелистал.

    1. Ако линкам до секој сајт ќе забега целиот текст. Затоа ги оставив релевантни-за-текстот линкови кои го дополнуваат текстот. :)

  11. Иницијативата е супер, ама да си ги напикаш речиси само своите сајтови во конкуренција е БЕДНО. Бај д веј, кој ги пишува содржините и од каде му се фотките на Телеграф?

  12. Се надевам дека нема да се навредиш Ванчо но кој фактор си ти воопшто да даваш совети до победниците а воедно ти си единствен во коментарите кој целосно ја дискредитира важноста на настанот. Очигледно е дека неможеш во целост да согледаш важноста на настанот па само лаеш на празно. Настанот е подржан од Претседателот на Македонија а со твојот коментар го дискредитираш и него а со тоа твоето големо „М“ е микроскопски мало. И повторно СТРАМОТА за твоето малограѓандство!!!!

    1. Еееј, не почнувај со Претседателот! :)
      Победниците и „победниците“ немаат обврска да ме послушаат, од кај ти таков впечаток? Јас само си го искажувам мислењето.

      БТЊ, помислив ти мрднала раката во претходниот коментар, но вака: „срамота“ се пишува со едно „т“ кај нас, малограѓаните. :)

  13. MAFIA.MK e nanjinovativen sajt vo Makedonija….:))) Prva online igra vo Makedonija,,,sajt koj za samo nekolku meseci vleze vo prvite 20 sajtovi …cvrsto cekori kon vrvot. :)))

    1. Што е иновативно во форк на бугарски енџин? Допреведете го па после фалете се. Ништо иновативно нема во копипаста.

  14. Што ви е проблемот бе луѓе стварно не можам да ве разберам посебно Ванчо Орданоски. Какви се тие нагрдни зборови. Што го деградирате настанот со тоа ја деградирате работата на цело жири и на сите што работат на промоција на македонскиот веб. Или можеби ви е криво што не сте биле директно инволвирани во настанот. Организаторите убаво кажуваат дека идната манифестација ќе биде на многу повисоко ниво. Зошто наместо плукање не се обидете со конструктивни критики. За какви местенки зборувате читајте малце по детално. Ова е причината што во Македонија ништо не оди напред – оти македонија си пати од македончето. СТРАМОТА!!!!

    П.С. Го замолувам админот да ги отстранува сите коментари кои имаат вулгарни зборови

    1. Токму од „детално“ читање (а и од додатни информации отстрана) дојдов до заклучокот кој го напишав. Анализата која е претставена во написот е точна и фактичка. Тука нема што да се дискутира.

      „Нагрдните“ зборови одат под рака со манирот во кој е изведена целата претстава. Доволно сме возрасни за да ги поднесеме, се надевам.
      И, да ти кажам право, среќен сум што не сум учествувал во тоа и воопшто не ми е „криво што не сум директно инволвиран“. Тоа што организаторите ветуваат што ќе биде во иднина, не им помага многу, бидејќи е политичарење.

      Мојата конструктивна критика си ја кажав: добитниците да се откажат од наградите и да сочекаат некоја слична, потранспарентно организирана манифестација. Сигурен сум дека чесните меѓу нив така размислуваат, бидејќи, како што реков, ова може само да им наштети.

      Ете, така размислуваме ние, „македончињата“, за разлика од Македонците со големо „М“.

  15. Не изгледа баш сѐ така чисто и јасно во изборите.
    Нормално е понекои од коментаторите овде да се чувствуваат излажано и онеправдано — доказите кои се изнесени во текстот се јасни. Има некое типче таму кое регистрирало и дизајнирано неколку победнички сајтови, а истовремено има зашлапани прсти во самиот процес на изборот.
    Уште поинтересно е тоа што сајтовите на овие матни типчиња и фирми воопшто не функционираат. Мислам, ебати веб-дизајн компании кои немаат сопствен сајт!

    Не знам само како прелажале неколку солидни луѓе да бидат членови на жирито. Сега сигурно се маваат по глава.

    Со вакви „црњаци“ и местенки се оштетуваат и самите „победници“ — чија кредибилност и можна искреност е доведена во прашање. Јас да сум на нивно место, би се заблагодарил на наградите и би ги вратил, со порака следниот пат сѐ да биде транспарентно.

    Успат, честитки за авторите на написот кои добро ја истражиле работата и активно ја следат. Бараме повеќе вакви текстови!

  16. Ova diskusijata mi izgleda kako da ja vodat mal broj na ljuge koi imat nekakov interes povrzan ili konkurenti koi se borat za nekoj nejasen interes.
    Kako cesto se spomenuva so time.mk ili pak nekoj vid na konkurencija ili kako da e nekoj osteten .. ili interesi za prestiz i biznis.

    Mislam daj iskulirajte malce ako nekoj e kvaliteten nezavisi od nagrada.

    Cestito na kajgana ;o) nesomneno e najposeten mk sajt so makedonska sodrzina: http://www.alexa.com/topsites/countries/MK

  17. кога ги читам коментарите добивам впечаток дека сајтовите кои не влегле во номинација се фрустрирани на организаторите. јасно се пишани критериумите и кога се вршел изборот. секоја чест на организаторите се надевам в година настанот ќе има многу поголема масивност поздрав

    1. 1. Дизајн
      5.Квалитет на информациите
      6.Автентичност

      Кои од сајтовите ги поседуваат овие критериуми? Листата ќе спадне на 2-3 сајта. :)

  18. Би се надоврзал на еден коментар погоре.

    KeepAnЕye да почне да се раздолжува на сите на кои им должи, затоа што малку фали да почнат да фрштат банери како што тоа го прави time.mk со оние кои не плаќаат.

  19. Neznam sto da kazam. Prvo,dozvoluvaat nivni vraboteni da ucestvuvaat vo ova,vtoro bez prasanje dodavaat sajtovi sto ucestvuvaat,treto gresat kategorii na sajtovi. Ova mesanicava na kategorii,mi lici deka e oti se brzale da se pofalat sebesi deka imaat najubav sajt!

  20. Ne znam Darko, ama jas bogami redovno si koristam My T-mobile, i ne mi teknuva da sum videl drug makedonski sajt so tolku mnogu integrirani funkcionalnosti vo portal za self care… Inaku stvarno bi bilo dobro da se stavat javno kriteriumite…

  21. Планирањето за манифестацијата за идната година го започнуваме од сега. Сите кои имаат некакви забелешки сугестии или идеи слобоодно пишете на @keepaneyemk на твитер или на нашиот маил. Благодарност со сите кои учествуваа во настанот.
    Што се однесува до критериумите за изборот на жирито им беше предложено да ги отценуваат сајтовите по следните аспекти:

    1. Дизајн
    2.Техничка функционалност
    3.Практичност
    4.Достапност на информациите
    5.Квалитет на информациите
    6.Автентичност
    7.Јазична Коректност
    8.Посетеност по Алекса ранг

  22. interesna rabota e sto nikoj ne go pozdravuva nastanot tuku samo go kritikuvaat, ova e nesto sto za prv pat se slucuva kaj nas i siguren sum deka organizacijata na nastanot moze da bide samo podobra. Komentarite pogore se samo potvrda na nasata makednostina se sto e novo i inovativno da se potkopuva i turka. Pozdrav

    1. Сепак ок е и да има критики, доколку јас би бил организатор тоа би ми значело многу. Тоа што критиките се генерално лоши значи дека требало да се организира подобро целиов проект односно во краен случај да се работи многу повеќе за наредното кое искрено се надевам дека ќе го има.

    2. А што да поздравиме?! Настан за кој никој не знае дека ќе се случува, никој не знае кој е номиниран, никој не знае кој е во жирито, никој не знае кои се критериумите … номинирани – веб-сајтови на организаторот, победници – веб-сајтови на организаторот, доста добри мк веб-сајтови не се номинирани, веб-сајтови во несоодветни категории, грешки во списоците на организаторот … мистериозност … завиеност … аматеризам …

      Има потреба да продолжувам?! И кај кого е „македонштината“?! Каде е иновативноста?!
      Ако се случува прв пат, не значи дека треба да бидеме слепи и неискрени!

      Поздрав.

      1. Заборавив: во ниеден избор, во ниедна категорија и по ниеден критериум не може да биде победник во една од категориите веб-сајт чие лого е плагијат.

  23. Добро е и што организаторите од KeepanEye имаат веб страна каде ја презентираат компанијата па уште и ќе оценуваат други ама тоа е Македонче.

  24. Мој другар соработуваше нешто со нив и уште одамна ми го има кажано овој податок. Само не знам зошто некој воопшто организирал вакво нешто толку тајно и спонзорирано од претседател?

  25. T-Mobile.mk pokraj osnovnata verzija ima WAP, web'n'walk, iPhone, i uste 2 mobilni verzii – standardna i za pomali rezolucii, ima personaliziran servis za korisnicite my.t-mobile.com.mk. Mozebi zatoa e najinovativen, vo sekoj slucaj ne e "standarden korporativen sajt" tuku e korisnicki orientiran.

    1. И јас би сакал да се надевам дека е наша грешка… за жал не е… Организаторите си го имаат ставнено сајтот во таа категорија. :)

  26. Која е иновативноста во Т-мобиле ако може да објаснат би било добро? Исто така по се изгледа KeepanEye си го избра сопствениот сајт kupi.se за најдобар, а во листата има сајтови кои воопшто не нудат e-commerce. Идејата да се почни е добро, но не повторно на македонски глупав начин како и секогаш кога избираме нешто.

    Поздрав

    1. Kupi.se е сајт на Bitsia и е прв e-commerce сајт во Македонија. Проблемот е што не си доволно информиран и сакаш на "македонски глупав" начин да искритикуваш нешто за што немаш апсолутно никаков аргумент.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии