Сите победници на хрватскиот Vip Android предизвик

Па да видиме како се развиваат апликации во соседните земји…

Хрватскиот победник кој доби 91.000 куни е Žabolomac апликацијата на Cyberlabs Mobile. Aпликацијата е опишана како „забаван начин за подобрување вештини во полето на логичко-математичката и просторната интелигенција. Главен лик е жаба која треба да пројде низ 30 нивоа и 3 околини да совлада пречки за да дојде до својата принцеза.“

Сребрената награда ја освои Slušaj Radio! на Infinum, која е апликација за служање на хрватски радио станици преку мобилниот телефон. Апликацијата има интересни функции како: ако се потресе телефонот се бира рандом станица, има мод за спиење и будење, можност за снимање на радио и контрола на потрошениот мобилен сообраќај.


 

Бронзената награда ја освоија осум апликации и тоа:

  • mPlacanje – апликација за брзо плаќање преку мобилен за парикирање, гаражи и јавен транспорт преку SMS.
  • TVdroid е TВ водич.
  • ZETPanic e апликација за купување карта за јавен транспорт преку мобилен.
  • Horvat Andro служи за следење информации, вести, прогноза, тв програма… преку мобилен.
  • Transmeet.TV muzička karta za Android e апликација за следење на музички настани заедно со информации и севиси за истите.
  • HotFuzz e апликација за споделување на настани. Пример ако сте на настан споделувате fuzz со краток опис, локација и слика.
  • Roaming Viewer e апликација што нуди информации за роаминг цени, оператори и попусти.
  • Lociraj e локациска апликација за пронаоѓање на болници, банкомати, аптеки…

Повеќето од тие апликации се наменети само за хрватскиот пазар, што е штета бидејќи некои од нив се доста корисни. Да се надеваме дека наскоро ќе видиме и локализирани апликации за македонските корисници.

2 коментари на “Сите победници на хрватскиот Vip Android предизвик

  1. Не ми е јасно како е игра со жаба подобра од апликација за брзо плаќање на паркинг место или пак купување карта за јавен транспорт.

    1. Се чудев и јас, но можеби игривоста т.е функционалноста на апликациите им ги донела наградите, не идејата за апп.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии