Сите пакети од игри на едно место #1

Ова е текст кој ги обединува сите квалитетни пакети од игри кои можат да се купат во моментот. Не губете ниту време, ниту пари за да го најдете најдоброто од најевтиното.

Humble Jackbox Party Bundle

Сите оние кои сакаат да поминат незаборавни моменти со најблиските, не би требало да го заобиколат следниот пакет од игри. Се работи за игри кои се подредени во три платежни столбови и, во зависност од тоа колку сте расположени да платите, можете да поминете неброени часови со The Jackbox Party Pack 1-3, Drawful 2, Fibbage XL, или Quiplash.

Humble Monthly ги отклучува Sniper Elite 4, Tales of Berseria™, и Staxel. Во случај да не ви се допаѓаат овие игри, можете да го земете ААА хитот со Лара Крофт.

EA Family Bundle ви дозволува да играте три исклучително квалитетни игри со или без вашето семејство. Издигнете се во тркачка легенда со Need for Speed, поразете ги непријателите на исклучително симпатичен начин со Plants vs. Zombies™ Garden Warfare 2 или навлезете во носталгична авантура со Unravel.

Anniversary Bundle се продава за нешто повисока цена од првиот пакет, но вреди секој денар, особено доколку сте огромен Battlefield фан. На располагање ги имате комплетните едиции од последните три Battlefield игри. Независно дали сте по соло кампањите или пак тензично, мрежно препукување, бројните часови забава се чинат загарантирани.

Killer Bundle XI е едно од најдобрите пакети од игри кои можете да ги најдете на Fanatical. Наспроти поделените мислења, ние апсолутно уживавме во The Technomancer, а пријатно бевме изненадени и од уникатноста и забавниот фактор кој го најдовме во шутерот The Signal From Tölvа, наративното блаженство ICY, или сајберпанк можноста за уникатно ограбување во The Swindle.

Fanatical Anthology Fantasy Bundle е уште еден пакет од феноменални игри сместени во неверојатни универзуми за чиј пристап потребно е да платите исклучително малку. Blood Knights не нѐ импресионира ниту со графиката, ниту со едноставниот гејплеј и приказна, но тоа не е спречи да не ја завршивме во едно попладне, само за да бидеме крајно импресионирани од следната игра од пакетот – Lichdom: Battlemage. Од друга страна, Demonicon се покажа како комплексна авантура која најдобро ќе биде искусена од потолерантните играчи, а Two Worlds II: Velvet Edition е една од најдобрите RPG игри кои сме ги заиграле, со максимална слобода во огромен, отворен свет и уникатен систем со магии. Сево ова, и уште многу, многу повеќе за нешто повеќе од 100 денари.

Indie Gala продава бројни пакети од игри, но апсолутно ништо не би можеле да ви препорачаме. Со години наназад, Indie Gala има изградено репутација на компанија чија цел е евтина дистрибуција на квантитет од игри, а не квалитет. Веднаш до неа е и Groupees.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии