Сите новитети од Аpple-овиот Back to the Mac настан

Сепак најважната новина е новиот оперативен систем Mac OS X Lion кој ќе се појави на лето 2011 година.

Apple за новиот оперативен систем ќе искористи iOs опции, пример инстант инсталирање на апликации преку Launchpad. За таа цел најавен е и Mac App Store до крај на годинава. Продавницата за апликации ќе биде слична како продавницата за iOs апликации, само што овие ќе бидат наменети за Mac.

Интересно е што „Лавот“ е фокусиран на iPad моделот на користење компјутер, односно го искористува целиот екран и движењето за користење на апликациите. Full Screen мод е стартување на апликации на целиот екран и користејќи физички движења ќе може да се контролира и менува апликацијата. Со мултитач опцијата, налик на таа во мобилниот iOs, ќе се овозможи контрола преку хоризонтални движења со Magic Mouse ии врз Trackpad-от (површината за глувчето на ноутбукот). Apple го претстави и Mission Control интерфејсот (налик на Exposé) со кој ќе можат да се минимизираат и групираат апликации со едноставни движења.

2 коментари на “Сите новитети од Аpple-овиот Back to the Mac настан

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии