Сите нови опции на Google+ друштвената мрежа

Мрежата стартува од почетната страна на Google со +You копчето во сега црниот горен тулбар. Некои .мк корисници уште сега можат да ја видат промената на бојата на тулбарот, но го нема +You копчето за кое ви е потребна покана бидејќи според Google моментално Plus Project e во „лимитиран тест“. Тулбарот ќе се појавува на сите Google сајтови и ќе функционира како алакта преку која ќе се споделува со пријателите и ќе се отвараат сите опции на мрежата.

  • +Circles или круговите на Google се всушност групите каде ги сместувате со повлечи-и-спушти пријателите со кои се поврзувате преку друштвенета мрежа. Круговите се интересно дизајнирани да понудат приватност меѓу групите, каде не сите 150 или 500 или 1.000 пријатели можат да гледаат што споделувате.

„Луѓето всушност споделуваат селективно цело време – со нивните кругови.“, вели Google.

Ова значи дека Google+ ќе овозможи на корисникот да си ја зачува приватноста бидејќи корисникот ќе знае со кого што споделува. Но, се уште е рано да се зборува за приватноста бидејќи мрежата се тестира. Приватноста секако останува еден од приоритетите кога се работи за оценување на друштвената мрежа.

  • +Stream е стримот исто како кај Facebook NewsFeed-от каде можат да се споделат статуси, фото, видео и линкови.

Интересно е што во секое Google+ Project видео кое ги објаснува опциите, тонот на музиката и на гласот кој зборува се сентиментални, како да сака Google да предизвика носталгија за кога се дружевме надвор во „реалниот свет“, што сега е минато, па затоа мора преку Веб да се долови истата атмосфера. Барем така Google+ Project ги таргетира постарите интернет корисници, не само интернет домородците кои израснаа знаејќи само за Интернет, туку тие кои знаат „колку вреди личното дружење“.

  • +Sparks се теми за разговор кои се актуелни на мрежата.

Поради персонализацијата и +1 копчето Google ќе може да ги асоцира темите/интересите со корисниците, па ќе понуди куп искри за разговор. На 40 јазици.

Секој корисник ќе може да си додаде свој интерес, слично на Facebook Like, што дополнително ќе придонесе кон тоа Google да знае кои теми и интереси да ги истакнува на профилот на корисникот.

  • +Hangouts е сервис за директна видео комуникација меѓу пријателите. За разлика од обичен чет каде може да се уфрлите на некого, +Hangouts се дизајнирани да се креираат видео конференции со пријателите кои сакаат да се дружат.

  • +Mobile е опција за споделување на GPS локација, слики и видеа и пораки преку мобилен, која има за цел да го поедностави комуникациајта и споделувањето со пријателите од Google+ мрежата.
  • +Location е опција за споделување на локацијата преку мрежата со секој статус. Facebook Places и Foursqaure со ова добија сериозен конкурент.
  • +Instant Upload е опција за брзо споделување на +Photos и видеа. Веднаш откако ќе ја сликнете фотографијата со мобилниот со Google+, со ваша корисничка дозвола, ќе може лесно и брзо да ги додадете сликите во албумот во облакот.

  • +Huddle е опција за споделување во реално време, односно е месинџер/чет со кој може да комуницирате со повеќе пријатели одеднаш.

Google+ Project звучи и изгледа навистина интересно, всушност ми се допаѓа. Може да се сконцентрирам на пријателите со кои јас сакам да се дружам, може да разгледувам теми кои мене ме интересираат, за разлика од Facebook и Twitter стримовите кои бомбардираат со секакви информации, и има видео чет со пријатели кои имаат време за чет. Звучи одлично, но се зависи како ќе функционира сето тоа и дали ќе има луѓе со кои ќе може да се четува.

9 коментари на “Сите нови опции на Google+ друштвената мрежа

  1. Незнам за твоето мислење али сепак овој концепт е сеуште во тест верзија, а Гугл си е Гугл , ако решиле да го бутаат Фејс сигурен сум дека и ке го постигнат тоа,али сепак ова се дел од можностите кои ќе бидат вклучени во нивната таканаречена социјална мрежа која до почетокот од нејзиното појавување на дневна светлина би требала да биде сопериорна.

  2. Изгледа и ова да им пропадне доколку е повторно само со покани и слични глупости.
    Можно ли е да функционира социјална мрежа со покани? Не!
    Што ќе правам таму сам или со 1-2 пријатели?

    За Gmail запали ама за вакви работи нема.

    1. не? сеуште неможат да си направат акаунти дури и оние што имаат примено покани –> "Already invited? We've temporarily exceeded our capacity. Please try again soon." од пред 3 секунди :D или кај мене каснат работите

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии