Сите игри од Global Game Jam Macedonia

Годинешниот Global Game Jam се одржа на 321 локација во 63 држави. Вообичаено немаме среќа бакви настани да се одржуваат во Македонија, но овој пат, пред се поради пожртвуваноста и ентузијазмот на организаторите на првиот Game Jam во земјава, македонските креатори на видео игри се собраа на дводневно дружење, на две локации во Скопје и Битола.

Темата на првиот македонски Game Jam беше звукот на човечкото срце, а какви игри со оваа асоцијација креаира учесниците во Скопје и Битола можете да видите, но уште поважно да ги преземете и изиграте. Global Game Jam во Македонија е целосен успех и според бројот на учесници и според интересот кој го предизвика настанот. Игрите кои се избрани за најдобири се: Igкnight (на сликата подолу) и Odium во Скопје и Love Notebook во Битола.

4 коментари на “Сите игри од Global Game Jam Macedonia

  1. Ok…kolku za informacija od eden od lugjeto sto go sledea toj nastan da dopolnam i popravam del od informaciite. Bea izbrani povekje od 2 igri kako najdobri, t.e. bea izbrani 4 najdobri igri (vo skopje):

    1. Odium
    2. igknight
    3. Tara and Bobbo
    4. Julio – International Playa

    Sekako site igri bea dobri i ova bese stvarno eden super nastan na koj trebase da se prisustvuva licno. Vakvite statii za zal nemozat da ja dolovat atmosverta na celiot toj nastan, nitu pak davaat dovolno ni potpolno informacii.
    Sekako, za da ne dojde do toa, dobro bi bilo po nekoj celn od novinarskite timovi na portalite koi gi objavuvaat ovie vesti, da prisustvuvaat na nastanot za da ne davaat pogresni informacii. Osven toa dovolno e da prisustvuvaa samo na dodeluvanjeto na nagradite koe traese ~3 saati, a nastanot mozese da se sledi i preku twitch.tv, no mislam deka site ovie informacii trebaa da im bidat poznati na novinarite i tie da go objavat toa na celata publika..posle se, toa e nivnata rabota.

  2. Само овие се игрите кои се креирани на Global Game Jam мк? Само три? Останатите доколку ги има може линк некој да постави да ги видиме.

      1. Има ама изгледа треба да ги напрајте со фонт 30-ка за вик да ги забележи хаха

        то е батуле ко не ја читаш цела статија :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии